ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови

Почетна страница



© Институт за театрологија. 2004
сите права се задржани

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст ]


MУЗЕЈ ОN LINE

Васко ТАШКОВСКИ - сценографии и сценографски скици

Академскиот сликар Васко Ташковски (1937), освен со сликарство се занимава и со наменска сценографија за театар, телевизиски и филмски прокти, како и сценографии за разни манифестации (музички и театарски фестивали, јавни настани од областа на културата).  Работел и како илустратор на повеќе изданија. Сопственик на специфичен визулен ракопис, инспириран од надреализмот и длабоко инкорпориран во полето на интерес. Сценографиите му се пластични, прецизни и во допир со сликарската матрица на авторот. Секогаш ја протежира својата лична естетика, како во сликарството, така и во другите визулени техники на изразност. Изложувал самостојно на повеќе изложби во земјата и во странство. За својата активна дејност добил повеќе награди на највисоко државно ниво, меѓу кои и  4 Јули” 1977 год.,  „11 Октомври“ (за сликарство) 1978 год. и др. Член е на Македонската академија на науките и уметностите.

Збирката на сценографии и сценографски скици на Васко Ташковски што ја изложуваме во оваа прилика е подарок од авторот (во дигитален формат). Настојувавме, преку еден прецизен, визуелно паралелен и хронолошки поставен преглед да ги покажеме сценографиите и сценографските скици за повеќе ТВ драми, ТВ филмови, емисии за деца и други телевизиски проекти. Првата сценографија е за манифестацијата „Охридско лето“ и таа е воведниот чекор кон запознавањето со сценографското мајсторство на Васко Ташковски.



Театарска маска (трагична-аверс и комична-реверс) амулет (вис.: 2.1; шир.:1.1 см.), слонова коска; Наоѓалиште: Театарот во Лихнидос; датација: II век н.е.