ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови

Почетна страница



© Институт за театрологија. 2004
сите права се задржани

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст ]


MУЗЕЈ ОN LINE

Изложба на плакати од архивата на Владимир Милчин
Институтот за театрологија, меѓу другите збирки, ја има и збирката на плакати, што во текот на својата кариера ги собирал нашиот етаблиран режисер Владимир Милчин. Приказната за овие плакати, е една од поинтимните, поедноставните и почовечките, се разбира. Како мала пасија да се забележи некој настан, да се колекционира, за да може подоцна да биде сведоштво на настаните што поминале. Плакатите се подредени по хронолошки редослед, така се следат најобјективно.
Приказната ја сочинуваат дваесет и четири плакати, од разни фестивали на териоторијата на поранешната Југославија и Европа. Збирката ги вклучува плакатите од фестивалите: МТФ „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, МЕС Сараево, Млад отворен театар – Скопје, БИТЕФ – Белград, „Стериино позорје“ – Нови Сад, Бонско биенале, ...
Секој од плакатите ја раскажува својата приказна: како треба да изгледа еден професионално изработен театарски плакат, кои претстави го обележале, на кои фестивали имало македонски претстави, ...
Остатокот од приказната останува на вас да го раскажете...

Театарска маска (трагична-аверс и комична-реверс) амулет (вис.: 2.1; шир.:1.1 см.), слонова коска; Наоѓалиште: Театарот во Лихнидос; датација: II век н.е.