ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови

Почетна страница



© Институт за театрологија. 2004
сите права се задржани

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст ]


MУЗЕЈ ОN LINE

Милица СТОЈАНОВА - Театарот е живот

Завршува Државна средна театарска школа во Скопје (1953). Работи во Радио-драмата на Радио-Скопје (1950-1951), во Македонскиот народен театар (1953-1964) и во Драмски театар Скопје (1964-1992).

Селективна театрографија: Ана Франк (Дневникот на Ана Франк, 1958); Кате (Манде, 1961); Химена (Сид, 1962); Елиза Дулитл (Пигмалион, 1962); Донка (Бегалка, 1965); Соња Семјонова Мармеладова (Злосторство и казна, 1966); Петруњела (Дундо Mарое, 1966); Касандра (Тројанки, 1966); Леди Макбет (Макбет, 1969); Сарка (Нажалена фамилија, 1971); Беатриса (Дејството на гама-зраците врз сенишните невени, 1973); Маркиза Матилда Спина (Хенрик IV, 1974); Јокаста (Цар Едип, 1977); Марија (Диво месо, 1979); Моника (Партија реми, 1981); Малина (Еригон, 1982); Параскева (Дупло дно, 1984); Евросима (ЈУ антитеза, 1985); Алтана (Тетовирани души, 1985); Неда (Мортолозот, 1993); Војницка, Марија Василевна (Вујко Вања, 1997); Фирса, мајче (Вишновата градина, 1997); Мег (Мис на малиот град, 1999); Марија (Јована Орлеанска, 2000); Ана Франк (Ана, 2004).

Награди: Награда за најдобро актерско остварување на ревијата Екран (1973); Награда на град Скопје 13 Ноември за улогата на Моника во претставата Партија реми (1981); Награда за најдобро актерско остварување на ревијата Екран (1981); Награда за актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) Војдан Чернодрински за улогата на Малина во претставата Еригон (Прилеп, 1982); Награда за најдобро актерско остварување на Фестивалот Стериино позорје, за улогата на Параскева во претставата Дупло дно (Нови Сад, 1984); Награда 11 Октомври за животно дело (1984); Награда за животно дело на МТФ Војдан Чернодрински (Прилеп, 1994).




Театарска маска (трагична-аверс и комична-реверс) амулет (вис.: 2.1; шир.:1.1 см.), слонова коска; Наоѓалиште: Театарот во Лихнидос; датација: II век н.е.