ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови

Почетна страница



© Институт за театрологија. 2004
сите права се задржани

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст ]


MУЗЕЈ ОN LINE

Делчиња сеќавања...
или Портретите на Илија Џувалековски од театарските сцени, филмското платно, телевизиските екрани...

Збирката на Институтот за театрологија посветена на еден од најмаркантните македонски актери – ИЛИЈА ЏУВАЛЕКОВСКИ е составена со помош од неговото семејство. Фондот Илија Џувалековски е архивиран, систематично обработен и дигитализиран.
Поради желбата неговиот изразито маркантен и харизматичен актерски хабитус да биде достапен за понатамошни истражувања, научни елаборации, интимни промислувања, или од едноставна причина, да биде подобро запознаен од оние што немале прилика да го запознаат, првата постановка на Музејот on line му ја посветуваме токму нему. За оваа постановка се избрани дваесет и седум (27) портретни фотографии од различни периоди на неговиот живот. Од театарските претстави во МНТ, преку театарските сцени во Загреб, од филмските портрети до телевизиските, се се тоа делчиња минато на кои би требало да се потсетиме – Колку моќен актер е ИЛИЈА ЏУВАЛЕКОВСКИ!
Уживајте!


Театарска маска (трагична-аверс и комична-реверс) амулет (вис.: 2.1; шир.:1.1 см.), слонова коска; Наоѓалиште: Театарот во Лихнидос; датација: II век н.е.