ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Тито, сигурни дијаграми на копнежот - хронологија

Тито, сигурни дијаграми на копнежот

Министерот поканет на германската премиера на претставата што ја забрани неговиот претходник
Тито вечерва во Фиренца
(Не)дозволената претстава
Тито не е скандал туку театар кој опоменува
„Тито“ е неавторизиран проект
Претставата „Тито...“ се играла неавторизирана
Нов заплет на драмата „Тито“
Сите ќе тужат!
Шнајдер е изманипулиран од противниците на „Тито“
Шнајдер е лут поради пари, а не поради претставата?
Шнајдер ќе ги тужи копродуцентите
И Шнајдер ќе го кастри „Тито...“
Тито се соблече по гаќи
Шекеринска тврди дека Груевски наложил да се забрани „Тито“
„Тито“ - мозаична енциклопедија на слики
Скандалот со „Тито“ укажува на несериозноста на Министерството
Одраз на незрела колективна институционална интелигенција
Забраната на „Тито“ срам за културата
Многу врева за Тито
Интервенција невидена за 21 век
„Тито...“ забранет, па амнестиран
Тито, врати се!
Неокомунизмот на Министерството за култура
Македонија му откажа љубов на „Тито“
Владата не ја поддржува претставата „Јосип Броз - Тито“
МОБ се откажа од „Тито“
„Тито“ ќе обедини уметници од осум земји

______________________________________________________

Министерот поканет на германската премиера на претставата што ја забрани неговиот претходник

Министерот за култура Арификмет Џемаили е поканет од германскиот центар „Кампнагел“ да присуствува на премиерата на театарската претстава „Тито, сигурни дијаграми на копнежот“, чија македонска премиера првично беше забранета од Министерството за култура.
Официјална покана во Министерството се уште не стигнала, па не се знае дали министерот Џемаили ќе присуствува на германската премиера на претставата закажана на 6 и 7 јуни во Хамбург. Неговиот претходник Илиријан Беќири, како што е познато, не го поддржа овој мултинационален мегапроект и ја забрани премиерата на оваа изведба во Битола, што предизвика скандал во јавноста и - оставка на Беќири.
„Тито“ предизвика огромен интерес во италијанската јавност, вели продуцентот Гоце Димовски по гостувањето на оваа претстава на фестивал во Фиренца.
Претставата, работена по текст на Слободан Шнајдер, во режија на Мартин Кочовски, Деан Дамјановски и Дејан Пројковски, а под раководство на хрватскиот режисер Бранко Брезовец, работена во копродукција на осум европски земји, на 23 и 24 мај учествуваше на 14. интернационален фестивал „Фабрика Еуропа, геометрие вариабили“ во Фиренца, Италија.
- Иако премиерата во Фиренца се совпадна со финалето на европскиот фудбалски куп, сепак гледалиштето, кое има 360 места, беше полно, а за репризата следниот ден се бараше билет повеќе. Публиката со долготрајни ракоплескања и овации ги награди актерите, кои го дадоа својот максимум за да ја презентираат достојно македонската театарска уметност - вели Димоски.
По Фиренца, претставата „Тито, сигурни дијаграми на копнежот“ на 7 и 8 јуни ќе биде прикажана во културниот центар „Кампнагел“ во Хамбург.
На 16 и 17 јуни во овој центар ќе се одржи и светска премиера на целиот мегатеатарски проект за животот на Маршалот со наслов „Монтажа“, кога ќе бидат прикажани сите пет театарски претстави.

Време, 01.06.2007