ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Година на Прличко

100 години Прличко

Година на Прличко
Прличко оживува низ прстите на Серафимовски
Игор Џамбазов ќе го игра ликот на дедо му
Одбележана стогодишнината од раѓањето на Петре Прличко
Корифеј со автентична актерска магија
100 години од раѓањето на Петре Прличко
Прличко во безвремето
Синот на Талија
Нушиќ не можел да го прими Прличко в театар!
Изложба и филмови со Петре Прличко
Лулињата од Петре Прличко во МНТ!

______________________________________________________

Нушиќ не можел да го прими Прличко в театар!


Проф. д-р Јелена Лужина, од Институтот за театрологија при ФДУ, преку допис до нашата Редакција, се јави со демант на еден дел од текстот на омажот за Петре Прличко, објавен во саботата на 17 март. Во него проф. Лужина реагира:

Во текстот на Борче Грозданов, посветен на 100-годишнината од раѓањето на Петре Прличко, неговиот внук Игор Џамбазов тврди дека во 1939 година Прличко бил примен во тогашното Народно позориште „Краљ Александар Први“ од самиот Бранислав Нушиќ, тогашниот скопски театарски управник. Тешко дека било така. Имено, Бранислав Нушиќ (кој навистина бил скопски театарски управник, ама во период 1913-1915-1919/1920), умре во Белград, година-и-кусур пред Прличко да стане член на споменатиот тетар (или, прецизно, на 19 јануари 1938 година!!!).