ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Година на Прличко

100 години Прличко

Година на Прличко
Прличко оживува низ прстите на Серафимовски
Игор Џамбазов ќе го игра ликот на дедо му
Одбележана стогодишнината од раѓањето на Петре Прличко
Корифеј со автентична актерска магија
100 години од раѓањето на Петре Прличко
Прличко во безвремето
Синот на Талија
Нушиќ не можел да го прими Прличко в театар!
Изложба и филмови со Петре Прличко
Лулињата од Петре Прличко во МНТ!

______________________________________________________

Синот на Талија

Петре Прличко
Актерот Петре Прличко уште еднаш (по којзнае кој пат), завчеравечер во МНТ, таму каде што беше ги започнал чекорите по македонската театарска голгота, се потврди како безвремен. Повод беше откривањето на бистата поставена во центарот на фоајето на МНТ, пред која се поклонија многумина од театарската и уметничката фела.

„Имавме театар - Петре. Сите оние што имаат ваков театар (ова не е лапсус лингва) немаат потреба да стравуваат за неговата иднината. Тој не беше актер, режисер, драматург... Тој беше се што значи театар“, рече спикерот на Парламентот и режисер Љубиша Георгиевски, за својот колега и пријател, Петре Прличко, на момент пред да го овековечи и открие споменот на големиот чичко Перица.

Во едно, не така далечно, писание од 1965 година, Славко Јаневски, овој уметник, скомрах, актер и се што е театарот, ќе го овековечи како „посинок на божицата Талија... опашеста ѕвезда која патува, не гледа, свети, жарува, но е далеку од пеколот...“ Авторот на скулптурата, академик Томе Серафимовски само го „исправи“ Јаневски, потврдувајќи го Прличко како син на Талија.

Писанието актерски живо го пренесе Сенко Велинов, по што не покани на премиерата, во која во „центарот“ се најде актерскиот потомок на Прличко - Игор Џамбазов. Тој и неговите „сожители“ на сцената добија громогласни аплаузи на отворена сцена, на поклонот по премиерата на „Сомнително лице“ и не наполнија со позитивна енергија. Верувам дека овие аплаузи ги виде и почувствува и дедо Петре Прличко.

Борче Грозданов
Вечер, 19.03.2007