ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Година на Прличко

100 години Прличко

Година на Прличко
Прличко оживува низ прстите на Серафимовски
Игор Џамбазов ќе го игра ликот на дедо му
Одбележана стогодишнината од раѓањето на Петре Прличко
Корифеј со автентична актерска магија
100 години од раѓањето на Петре Прличко
Прличко во безвремето
Синот на Талија
Нушиќ не можел да го прими Прличко в театар!
Изложба и филмови со Петре Прличко
Лулињата од Петре Прличко во МНТ!

______________________________________________________

100 години од раѓањето на Петре Прличко


Одбележувањето на 100 години од раѓањето на Петре Прличко, легендата на македонскиот театар, започнува денес во Велес, родниот град на актерот. По повод 100 годишнината од раѓањето, 2007 во Македонија е прогласена за Година на актерот Петре Прличко.

По овој повод, во Паркот на културата во центарот на Велес, непосредно до локацијата на која ќе се гради новиот објект на Народниот театар, ќе биде откриена спомен биста на овој корифеј на македонското и балканското глумиште.

Бистата е дело на академик Томе Серафимовски, а по нејзиното откривање е закажана и свеченост посветена на Петре Прличко во Општината на град Велес, на која ќе говорат градоначалникот Аце Коцевски, театарологот др Јелена Лужина и Илинденка Петрушевска, филмски критичар.

Годинава со повеќе манифестации ќе се одбележува еден век од раѓањето на Петре Прличко. Во рамките на тоа во петок во Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерата на „Сомнително лице“ од Нушиќ, во која Петре Прличко ја одигра својата најистакната улога - Јеротије Пантиќ.

На 13 март се навршуваат 100 години од раѓањето на легендата на македонското глумиште Петре Прличко (13 март 1907 Велес-16 ноември 1995 Скопје).

По повод 100 годишнината од раѓањето 2007. во Македонија е прогласена за Година на актерот Петре Прличко. Во фоајето на Македонскиот народен театар во Скопје, во кој Прличко помина најголем дел од својот творечки ангажман, на 17 март исто ќе биде откриена биста на Прличко. И таа е дело и донација на академик Томе Серафимовски.

Истиот ден е закажана премиерата на Нушиќевото „Сомнително лице“ во режија на Синиша Ефтимов. Ликот на Јеротие Пантиќ во оваа претстава Прличко го играше полни 43 години. Тоа е една од неговите незаборавни креации со кои влезе во легендата.

Петре Прличко, последниот балкански скомрах, го напушти родниот Велес на 15/16 годишна возраст и тргна во својата театарска авантура - долга речиси 67 години континуиран актерски стаж: најнапред како патувачки актер, па актер и сопствениот на Патувачкиот театар „Боем“, а од 1945 година е член (едно време и директор) на Македонскиот народен театар; режираше и играше во разни трупи и професионални театри во Македонија и на сцените на некогашна Југославија.

Со својата голема професионална и лична кондиција и непресушен „елан витал“, како комбинација на ентузијазам, хедонизам и талент, боемот, фантаст и идеалист Прличко, оствари незаборавни остварувања во театарот, на филмот, телевизијата, радиото...

Прличко одигра педесетина ролји во патувачките театри; петнаесеттина (можеби и дваесет) на професионалната скопска сцена помеѓу 1940 и 1944; речиси осумдесет на сцената на МНТ; триесеттина филмски ликови меѓу кои е и легендарниот Мандана во филмот „Мис Стон“; приближно дваесеттина ликови во телевизиски драмски емисии и играни серии за возрасни и деца; автор е на драмски текстови, драматизации и адаптации, работеше и како режисер...

Со оние од неговиот патувачки период или агитпроповските во и по Втората светска војна, бројот на одиграните ликови на Прличко се заокружува на околу 250 кои се репризирани во приближно 8.000 поединечни претстави. Добитник е на најразлични награди и признанија.

Низ неповторливиот професионален животен пат, остварувајќи една од најимпресивните кариери и во историјата на македонскиот и европскиот театар, Петре Прличко беше и останува добриот дух на македонскиот театар и култура чие грандиозно актерско/театарско наследство театролошката наука денес го вреднува како културно богатство од највисок ранг.

Макфакс,
12.03.2007