ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Година на Прличко

100 години Прличко

Година на Прличко
Прличко оживува низ прстите на Серафимовски
Игор Џамбазов ќе го игра ликот на дедо му
Одбележана стогодишнината од раѓањето на Петре Прличко
Корифеј со автентична актерска магија
100 години од раѓањето на Петре Прличко
Прличко во безвремето
Синот на Талија
Нушиќ не можел да го прими Прличко в театар!
Изложба и филмови со Петре Прличко
Лулињата од Петре Прличко во МНТ!

______________________________________________________

Одбележана стогодишнината од раѓањето на Петре Прличко


На ден спроти стотиот роденден на Петре Прличко велешани се потсетуваат на легендата на македонскиот театар, нивниот сограѓанин и му оддаваат почит. На свечената академија ,,Велес за Прличко“ ги потсетија присутните на најимпозатните улоги на Прличко во неговото театарско и филмско битисување.

,,Континуитетот во развојот на македонската театарска уметност ја продолжи легендата, незаборавениот Перица човекот чија експресивност никого не остава рамнодушен ниту дванаесет години по неговата смрт, што и да направиме малку е да му се оддолжиме.,, вели градоначалникот Коцевски.

Во таа чест општината денеска на велешани им ја подари бистата на Петре Прличко, дело на академик Томе Серафимовски, долгогодишен пријател на Прличко. Сместена во младинскиот парк со поглед во празниот простор кон местото каде што велешани долги години очекуваат дека ќе биде изградена новата театарска зграда.

Кариерата на Прличко траела точно 66 години во континуитет. Одиграл не помалку од осум илјади улоги или имал вкупно илјада денови активна театарска игра исполнета со двеста и педесет театарски рољи, повеќе од стотина драмски режии, триесет и две улоги во долгометражни играни филмови снимени во земјава и странство, 11 драматизации, дваесетина телевизиски проекти.

Како највпечатливи ликови на Прличко во шеесет и шест годишното опстојување на сцената се споменуваат ликовите на незаборавниот Мандана, Фезлие, стрико Тале, Диме грлатиот, дедо Дојчин, Арсо, Јеротие Пантиќ.

,,Денес Прличко се враќа во Велес засекогаш да остане тука. Можеби никогаш во својата долга кариера Прличко ја немал толку симболичната сила како денес, сто години по неговото раѓање,, вели Доктор Јелена Лужина, долгогодишен истажувач на делото на Прличко.

Значаен дел во кариерата на Прличко се и неговите филмски остварувања. ,,Одигрувајќи значјни улоги во 18 македонски филмови Прличко ќе го создаде митот на човек од народот, правдољубив, шегобиец, човек од чаршијата, но притоа нема да му бидат туѓи ниту бирократите, губитниците, луѓето од маргините,, рече Илинка Петрушева, филмолог.

,,Прличко е пожив и од живите, уште додека беше жив влезе во легендите. Улогата на Јеротие која ја одигра Прличко на сите простори беше прогласена како ремек дело. Големиот актер трае колку што ќе остане неговото дело, а талентот на Перица никогаш не може да биде оспорен,, рече Иван Ивановски, театролог.

Славица Ќ. Николовска
Утрински весник, 13.03.2007