ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Година на Прличко

100 години Прличко

Година на Прличко
Прличко оживува низ прстите на Серафимовски
Игор Џамбазов ќе го игра ликот на дедо му
Одбележана стогодишнината од раѓањето на Петре Прличко
Корифеј со автентична актерска магија
100 години од раѓањето на Петре Прличко
Прличко во безвремето
Синот на Талија
Нушиќ не можел да го прими Прличко в театар!
Изложба и филмови со Петре Прличко
Лулињата од Петре Прличко во МНТ!

______________________________________________________

Игор Џамбазов ќе го игра ликот на дедо му

Игор Џамбазов
(Антологискиот Јеротие Пантиќ на Петре Прличко останува во семејството)

Во Македонскиот народен театар - Драма, режисерот Синиша Ефтимов го поставува Нушиќевото „Сомнително лице“. Наменски, по повод 100-годишнината од  раѓањето на Петре Прличко и неговиот антологиски лик Јеротие Пантиќ.
Токму Јеротие ќе го игра внукот на Прличко Иго Џамбазов, кој со Јеротие, по подолга пауза, му се враќа на театарот.

„Тамам помислив дека 2007 година ќе биде уште една долга, мачна и здодевна година, добив телефонски повик за кој веднаш знаев дека ќе ми ги промени плановите, кои и онака ги немав. Ме бараа од театарот. Иако нашата љубов одамна заврши, сепак, нешто ме пресече во желудникот. Кога бев млад актер, секој ден се молев и секоја ноќ сонував како ми се јавуваат од театарот и ми нудат улога. Подоцна, кога почнав да го изневерувам театарот со телевизијата, естрадата и со музиката, се молев ич да не ми се јавуваат.
Но овој повик не беше обичен. Ме известија дека оваа 2007 година е прогласена за година на Петре Прличко, поточно театарот има намера да ја одбележи 100-годишнината од неговото раѓање. И дека ќе се поставува 'Сомнително лице', претстава која во истиот театар - Македонскиот народен театар, се играше повеќе од 40 години, имаше 5 обнови, со 5 генерации актери. Единствен што во тие 40 години играше во секоја поделба беше дедо ми 5ре, како што тој се потпишуваше. Неговата креација на Јеротие Пантиќ беше бесплатен час по глума за сите млади актери , кои и скришно, и јавно ги гледаа скоро сите изведби. А јас, пак, израснав со таа претстава. Уживав да ја гледам од сите можни агли во театарот: од публика, од кај суфлерот, од кај испициентот, од зад портите... Дедо ми Петре беше фантастичен. Актер од друга планета. Велат дека големите духовни дела се исти како и душата. И кога точно пред 10 години се простував од дедо ми Петре, лично јас на неговиот закоп се заколнав, му дадов завет дека кога-тогаш ќе го одиграм неговиот Јеротие. Во негова чест.
Си реков: 'Ова е моментот да го исполнам единственото ветување што сум му го дал'. И поради себеси, а и поради мојата мајка Анче, која исто така играше во претставата. Така ќе ја заокружам приказната што е реткост дури и во светски рамки - 3 генерации актери да играат во иста претстава.
А што се однесува до текстот на Нушиќ, кој всушност е реплика на 'Ревизор' од Гогољ, тој звучи како да е пишуван вчера. А напишан е во 19 век.
Денес ништо не е како во времето на дедо ми Петре. Во негово време актерите имаа плата како министрите. Денес немаат ни колку возачите на министрите. Во негово време актерите го носеа товарот на државата. Денес актерите се товар на државата. Сепак, како што би рекол чичко Станиславски: 'Обиди се во лошото да ги најдеш убавите нешта'. А во овој случај убавите нешта се евидентни. Нови луѓе во театарот што носат нови идеи. Ново враќање кон корените, кон богатата театарска историја. И што е најважно, нов начин на размислување и враќање на една сосема заборавена институција - почитување на актерот.
Премиерата на 'Сомнително лице' е закажана за 13 март, токму на денот на 100 години од раѓањето на дедо ми Петре Прличко. Актерот е жив, да живее актерот“, вели Игор.

Цветанка Зојчевска
Вест, 16.01.2007