ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Година на Прличко

100 години Прличко

Година на Прличко
Прличко оживува низ прстите на Серафимовски
Игор Џамбазов ќе го игра ликот на дедо му
Одбележана стогодишнината од раѓањето на Петре Прличко
Корифеј со автентична актерска магија
100 години од раѓањето на Петре Прличко
Прличко во безвремето
Синот на Талија
Нушиќ не можел да го прими Прличко в театар!
Изложба и филмови со Петре Прличко
Лулињата од Петре Прличко во МНТ!

______________________________________________________

Прличко оживува низ прстите на Серафимовски

Прличко - Серафимовски
Опкружен со скулптури, со раце извалкани од глина, со големо внимание и посветеност, академик Томе Серафимовски деновиве во своето ателје во Македонската академија на науките и уметностите ја изработува бистата на еден од нашите најзначајни актери Петре Прличко, која на 13 март идната година, по повод „Година на Прличко“ ќе биде свечено откриена во Македонскиот народен театар.

Нашиот познат скулптор Серафимовски бил добар пријател со Прличко и затоа не му е тешко да ја направи бистата, иако за усовршување на ликот користи и неколку фотографии на актерот.

- Тој беше непресушно извориште, го имаше насекаде и во театарот и во филмот, во детски емисии, на телевизија. Прличко доаѓаше често во Гостивар, се дружевме и приватно, а тие краишта тој најчесто ги посетуваше за рибарење, неговата голема страст - рече Серафимовски.

Се почнало, кога минатиот месец двајца македонски бизнисмени му ја дале идејата да направи биста за големиот актер. Потоа со градоначалникот на Велес, Аце Коцески, и со професорката Јелена Лужина решиле да направат две идентични бисти, кои за јубилејот сто години од раѓањето на Прличко ќе бидат поставени во родниот Велес на Прличко и во театарот во Скопје.

Ова не е првпат Серафимовски да работи дело со ликот на Прличко.

- Пред 40 години имав големо задоволство да му направам портрет на Прличко, кога тој ја доби наградата „АВНОЈ“. Тогаш одбележуваше 35 години глума и 60 години живот. Портретот што го изработив тогаш беше изложен на самата прослава на неговиот јубилеј, кој се одбележуваше со комедијата „Скуп“ на Марин Држиќ, а Петре ја играше насловната улога. Тој портрет си најде свое место и во монографијата за Прличко - рече Серафимовски.

Бистата што ја прави академик Серафимовски сега се моделира во глина, а треба да биде завршена до 20 декември, за потоа да се излие во бронза.

Маја Неделковска
Шпиц, 28.11.2006