ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Година на Прличко

100 години Прличко

Година на Прличко
Прличко оживува низ прстите на Серафимовски
Игор Џамбазов ќе го игра ликот на дедо му
Одбележана стогодишнината од раѓањето на Петре Прличко
Корифеј со автентична актерска магија
100 години од раѓањето на Петре Прличко
Прличко во безвремето
Синот на Талија
Нушиќ не можел да го прими Прличко в театар!
Изложба и филмови со Петре Прличко
Лулињата од Петре Прличко во МНТ!

______________________________________________________

Лулињата од Петре Прличко во МНТ!

Лулињата од Петре Прличко, прстенот кој не го вадел од рака се до смртта, познатите очила, бројните награди, слики и карикатури од великанот на македонското глумиште, личниот магнетофон и многу други предмети неговата сопруга Нада Прличкова ги подари на Македонскиот народен театар.

„Не знаев што да им правам на личните работи. Цела куќа е полна со негови работи. Некои ми велеа да ги продадам, но јас не сакам да продадам ништо негово“, рече вчера во МНТ се уште виталната сопруга на Прличко, кој го нарекува како сите негови блиски: Перица. Средбата беше по повод 100-тата изведба на втората поставка на претставата „Сомнително лице“. Во првата поставка на оваа претстава, која се играше од 1945 до 1980 година, Прличко го глумеше легендарниот Јеротие Пантиќ. Како што кажа и познавачот на делото на Прличко, професорката Јелена Лужина се работи за најизведуваната претстава во историјата на Македонскиот народен театар.

„Нашето театарско минато не е Лоренс Оливие, тоа е Петре, и со тоа треба да се гордееме“, рече Лужина за Прличко. Предметите на Петре засега ќе бидат поставени во холот на МНТ, каде стои и негова статуа.

Од МНТ вчера ја најавија и наградата АМФИ, која ја добива актерот со најмногу одиграни претстави за минатата сезона. Добитник е Гораст Цветковски, кој со 100 одиграни претстави го победил Сашко Коцев, кој играл 96 пати. Директорот на МНТ, Дејан Лилиќ најави и дека ќе отворат детска театарска сцена, која ќе започне со премиера на „Самовилско јајце“, на трети април.

Потсетување за Перица:
- Избегал од дома на 16 години за да стане актер
- На 88 години старост се уште ги паметел ролјите наизуст
- Во „Сомнително лице“ играл фантастични 262 пати
- Десетина години работел како патувачки актер
- Не го извадил прстенот од рака од 1956 до смртта во 1995 година

Вечер, 17.03.2011