ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Година на Прличко

100 години Прличко

Година на Прличко
Прличко оживува низ прстите на Серафимовски
Игор Џамбазов ќе го игра ликот на дедо му
Одбележана стогодишнината од раѓањето на Петре Прличко
Корифеј со автентична актерска магија
100 години од раѓањето на Петре Прличко
Прличко во безвремето
Синот на Талија
Нушиќ не можел да го прими Прличко в театар!
Изложба и филмови со Петре Прличко
Лулињата од Петре Прличко во МНТ!

______________________________________________________

Година на Прличко

ФДУ – ИНСТИТУТ ЗА ТЕАТРОЛОГИЈА
МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР - СКОПЈЕ
Петре Прличко

На 13 март 2007  се исполнуваат точно 100 години од раѓањето на Петре Прличко, легендарниот македонски актер, еден од неколкумина најреспективни и најрелевантни актери во балканската  театарска историја.
Прогласувајќи ја наредната 2007 година за ГОДИНА НА ПРЛИЧКО, македонскиот театар, македонската театролошка наука, но и севкупната македонска јавност не го одбележуваат само вековниот јубилеј на еден исклучителен актер, туку ја маркираат и една важна епоха во развојот на македонската култура.
Ваквото маркирање треба да се искаже преку своевидна театарска/културна акција, која ќе ги опфати (меѓу другите) и следниве содржини:

а) театарски
- премиера на претставата „Сомнително лице“

б) театролошки
- работилница на тема Прличко  (со студенти и  со ученици од завршните  класови на средни училишта)
- монографија (book project) за претставата „Сомнително лице“ - монографијата, која ќе му биде посветена на Петре Прличко, ја  реализират група автори, еминентни  театролози од регионот.

в) културолошки
- поставување на бистата на Петре Прличко, дело на академик Томе Серафимовски (бистата ќе биде поставена во театрите во Скопје и во Велес)
- мултимедијален перформанс „Прличко - сеќавања - соништа“
- снимање/емитување на тв-есеј „Епоха на Прличко“

г) иницијатива:
- „Денови на Петре Прличко“ (фестивал на најдобри актерски остварувања од регионот)