ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Вреднување на театарската продукција во 2005 година

За Институтот за театрологија

Петре Бакевски, театарски критичар
Наташа Бунтевска, новинар
Борче Грозданов, театарски критичар
м-р Иван Додовски, театарски критичар
Иван Ивановски, театарски критичар
Анета Јанчевска, театарски критичар
Тодор Кузманов, театарски критичар
д-р Јелена Лужина, театролог
Лилјана Мазова, театарски критичар
Емилија Матаничкова, театарски критичар
Сребра Пашовска, новинар
Ристо Стефановски, главен уредник на списанието „Театарски гласник“
м-р Ана Стојаноска, театролог
Ивана Тасев, новинар
Сотир Трајков, новинар
Илија Упалевски, театарски критичар

______________________________________________________

Петре Бакевски, театарски критичар

Петре Бакевски
1. Дон Жуан од Молиер во режија на Александар Поповски, во изведба на Драмскиот театар од Скопје. Пред се поради големата актерска студија на носителот на главната улога Никола Ристановски. Лик остварен од длабоките слоеви на тешко одгатливите  душевни трепети на човековата природа. Лицемерието, дволичноста, превтрливоста, измамата, прилагодливоста на ненадејните ситуации, по цена и на жртвуванјето на последниот грам на човечкото достоинство, остварено со голема и студиозна актерска изразна моќ и силна сценична уверливост, ме исполни со чувство дека и во нашите разнебитени театри можат да се остваруваат сериозни и одговорни проекти.Се разбира, тој уметнички резултат на Ристановски допира до нас, до нашето време, оти поинаку и не би имало никаква смисла.

2. Дон Кихот од Сервантес, според прославената драматизација на Булгаков, во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Народниот театар од Штип. Смел, храбар, дури дрзок обид да се направи нешто можно од неможното. Нешто младешко, провокативно, со користење на современи медијални средства, по секоја цена да биде провокативно, па дури и во претеруванјата.. Да биде многу агресивно, врз посипоците од големите количини на агресивност со кое е завеано нашето болешливо секојдневие. Претстава на Раде Рогожаров, со сите свои измешани таленти.

3. Македонското сегашно театарско време, за жал, не е благопријатно време за самостојни, независни проекти. Тешко е и мачно е. Но упоритите, сепак, и тоа можат да го совладаат. Никој нема право да го чека виртуелното време на подарениот благодет. Токму затоа моето авторско искуство со овој вид театарски предизвиции ме исполни со поголема радост и среќа, оти работевме по божјите патеки на ниезвесноста, несигурноста и сиромаштијата. Ама создававме во процес - претстави. Сериозни, естетични, истражувачки и над се - актуелни. Втурнати во вриецот ио драматката на нашето време. Тешко ги склопувме парченцата на ситно разнебитеното и разбиено македонско огледалце на нашата недугава стварност, ама си ја дофаќавме нашата слика, упорито ја дофаќавме и ги баравме можните одговори. Затоа горделиво ја споменувам мојата претстава Суво дрво од Вавилон, самостојна продукција на АСРЕТФЕСТ и на Универзалната сала, во режија на Горан Тренчовски, а во извдба на одличните актери Роберт Велјановски и Нино Леви, како и младиот Макси Димитровски.  Потврда за успехот на овој вид претстави се и атрактивните изведби на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица, на фестивалот Десет дена Крушевска Република во Крушево, на Скопското културно лето во Куршумли ан во Скопје, на Младиот отворен театар и на бројните гостувања ширум Републикава. „Суво дрво од Вавилон“ беше и меѓу ретките изведени нови драмски текстови од домашен автор.