ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Битолска Опера

Институт за театрологија

Битолска опера: „Дон Пасквале“ успеа, а веќе е договорен и втор проект
Вечерва во центарот за култура во Битола: Старт на битолската Опера
Од вечерва „Битолска Опера“: Премиерно со „Дон Пасквале“
Синоќа се отвори уште една оперска куќа во Македонија: „Битолска опера“ ќе почне со премиера на „Дон Пасквале“
Кирија од 30.000 денари дневно: Градоначалникот на Битола ќе прави Опера по секоја цена
Благој Стефановски му порача на директрот Цветан Стојановски: Вие ја растуривте националнава, а ќе правите нова
Културни паралели: Вагнер и синдромот „Чешиново-Облешево“
Ќе паѓа договор за битолската опера: Стефановски: „Не е работата само ај ќе прајме опера“
Разговор со Цветан Стојановски, тенор: Социјалните проблеми се решаваат со револуција
По успешната премиера на „Дон Пасквале“: Битолската опера чека институционализација
Премиера на оперетата Аптекарот во Битолската опера

______________________________________________________

Битолска опера: „Дон Пасквале“ успеа, а веќе е договорен и втор проект

(Премиерата на оперската претстава што ја направија само битолски музичари и пејачи привлече огромно внимение и се одвиваше во преполна сала во која и 850 седишта се покажаа како недоволно голем капацитет. Така беше и синоќа на првата реприза)

Громогласните аплаузи со кои околу 900 вљубеници во сериозната музика завчера вечер во големата концертна сала на Центарот за култура ги испратија уметниците по премиерата на првата Битолска опера, станаа најрелевантна потврда дека „Дон Пасквале“ од Гаетано Доницети така како што беше направена и изведена, сосема може да се смета за решавачки и значаен камен во темелот на новата оперска куќа во земјава. Во средата вечер тешко беа поразени скепсата, сомнежите и отворените одбивања со кои надмено и многу арогантно однапред се отпишуваше можноста проектот Битолска опера да донесе нешто навистина сериозно и зрело. Публиката виде комплетна опера со брилијантна изведба на сите учесници во неа, а судот на публиката и аплаузите имаа вистинска тежина бидејќи во гледалиштето не беше оставено место за обични љубопитници туку се беа исклучиво познавачи на овој вид музичко сценско творештво. Впрочем граѓаните на Битола заљубени во операта уште десетина дена пред премиерата и пред првата реприза ги разграбаа сите билети а тие се продаваа по навистина популарни цени од само 300 денари. Единствена празнина во салата на завчерашната премиера беа само 10-тината седишта што организаторот ги резервирал за поканетите гости од владата и од дипломатскиот кор, а кои пак од свои причини не се одзваа на поканите. Како и да е, од завчера културниот, особено музичкиот живот во Битола тргна во еден сосема нов и многу перспективен правец.
Сметаме дека „Дон Пасквале“ ќе има уште многу свои претстави што дури и не не обврзуваат постојано да ги играме на сцената во големата концертна сала на Центарот за култура. Сценографијата е таква што овозможува изведби и на помали сцени, па дури и на отворен простор, рече сценографот на првата Битолска опера „Дон Пасквале“, Зоран Николовски.
Инаку, меѓу гостите на премиерата на „Дон Пасквале“ во Битола се најде и реномираниот хрватски музичар Ѓело Јусиќ. Режисерот на „Дон Пасквале“ Цветан Стојановски и битолскиот градоначалник Владимир Талевски со него потпишаа официјален договор за соработка со кој битолската оперска куќа за свој нареден проект ќе го земе неговиот мјузикл „Време за љубов“. По премиерата и Јусиќ им честиташе на учесниците во „Дон Пасквале“ за извонредната претстава.      

Г.К.
Утрински весник, 09.09.2005