ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Промоција на монографија: Петре ПРЛИЧКО

За Институтот за театрологија

Соња Гулевска: Актер кој беше и остана легенда
Лилјана Мазова: За една чудесна личност - чудесна книга
Матеја Матевски: Омаж за Петре Прличко
Благоја Иванов: За Петре Прличко - монографија

______________________________________________________

Соња Гулевска: Актер кој беше и остана легенда


Ана Стојаноска: Писмата од неговите обожаватели ме предизвикаа да почнам да ја истражувам и проучувам и публиката што го направила ѕвезда.

Деновиве беше промовирана монографијата „Петре Прличко“ од Јелена Лужина, во издание на „Магор“. Монографијата е  посветена на големиот и легендарен актер Петре Прличко и за неговата седумдецениска богата кариера која несомнено остави длабока и неизбришлива трага.
Како приредувач на ова обемно издание е Јелена Лужина и која одбрала автори кои се запознаени со животот и творештвото на Петре Прличко за да напишат прилози за него. Прилозите се распределени во одделни поглавја и тоа „Пролегомена“ во кое е отпечатен прилогот на Јелена Лужина „Последниот балкански скомрах“ каде што го открива животниот пат на Прличко кој е во тесна врска со неговото творештво.
Во второто поглавје „Сеќавање“ се наоѓаат прилозите на Коле Чашуле „Од думањата за Перица“, Лилјана Мазова „За легендата Петре Прличко, љубимец на публиката и на критиката“, Душан Наумовски пак пишува за „За комедијантите на театарот Боем“ и за серијата „Комедијанти“ и Тамара Арсовска за „Глумата му беше живот, животот му беше театарот...“.
Додека, пак, во третото поглавје „Разгледи“ свои прилози имаат Илинденка Петрушева која пишува за „Легендарниот мандана/човекот славеј или кроки за филмскиот портрет на Петре Прличко“ и „Петре Прличко и публиката“ е прилогот на Ана Стојаноска.
Во продолжение на книгата во еден краток прилог со наслов Фотографии Јелена Лужина приложува околу 250 фотографии што останале во личниот архив на Прличко, но и во други архиви и публикации и како што вели таа „дури и на прв поглед оваа драгоцена фототека Прличко упатува на вонстандардниот, сосема несекојдневен формат на личноста чијашто биографија сегментирана во стотици кратки епизоди денес ни ја ипрераскажуваатти нејзините зачувани отпечатоци на хартија. Прличко умееше да се справи со окото на камерата мошне вешто.“
На крајот, пак, од оваа богата монографија во поглавјето „Факти“, Ана Стојаноска ги подготвила прилозите „Хронологија на животот и творештвото на Петре Прличко“, „Театрографија“ (за одиграни улоги и режии, за драмски текстови, драматизации и адаптации, во сите периоди од неговата дејност), потоа и списокот на Поважни награди, благодарници и признанија, додека пак Илинденка Петрушевска го составила прилогот „Филмографија на Петре Прличко“.
Богатата седумдецениска кариера на големиот сонувач или „последниот балкански скомрах“ како што го нарекува професорката Лужина, може да се рекапитулира и преку следниве импресивни бројки: најмалку 250 театарски ролји, 55 драмски режии остварени во повеќе професионални театри театри во Македонија, помеѓу 1945 и 1984 година, една оперска режија, најмалку 50 драмски режии остварени во патувачките театри помеѓу 1930 и 1940 година, 32 улоги во долгометражни филмови, 17 режии на куклени претстави, 6 авторски драмски текста и 11 драматизации најчесто на бајки за деца и адаптации на драмски текстови од македонски битови автори.
„Веќе најмалку половина век, во македонскиот културен контекст презимето Прличко не се доживува само како лична, фамилјарна предикатизација на еден исклучителен човек, кој - се разбира! - во нашето колективно паметење останал запипшан пред се како актер со име Петре. Не има многу коишто, дури, живееме со чувство дека во случајот на ова необично презиме, на македонскиот јазик одамна му се има случено своевидна (вонграматичка, ама затоа емотивна) синонимизација помеѓу сопствената именка Прличко и една дробна, сосема малку важна сосема општа именка Актер, која нели конотира една мошне специфична професија во нашиов случај и двете именки одамна значат исто. Прличко е чудно стилоиндикативно, прилично стигматично и несомнено ретко презиме“ вели Јелена Лужина во воведниот дел на Пролегомената. Во прилогот не информира и ги открива особеностите и вредноста на играта на Прличко.  
Во поглавјето „Сеќавања“ Коле Чашуле во прилогот „Од думањата за Перица“ вели и Зошто ако има некој за кој се кажувало, раскажувало, проповедало и тоа хорски; ако да има некој за кого се плетеле и усни и пишани велења и преданија со иднина на сказни ако да има некој кој и покрај сето тоа да оставил напоредно и нешто недовидено, недораскажано и недозапишано во неговиот живот тој некој сепак и бездруго мора да е само огледало на мојот пријател, Перица,“ а додека, пак, авторот на прилогот „За легендата Петре Прличко љубимец на публиката и на критиката“, Лилјана Мазова нагласува „Петре Прличко е дел од вистинската, автохтона, најдолго негувана и секогаш со внимание следена приказна за во македонскиот театар во 20 век. Современата театрологија бележи, заклучува дека тој му припаѓа на апсолутно автентичното легендарно минато и на современиот македонски театар. Прличко е актер кој и додека го живееше својот век беше легенда. Со неговиот искрен, емоционален кон својата физичка појава/става присбособен начин на играње толкување на ликот како и со понекогаш кокетниот однос кон публиката, однегува свој стил на игра, свој однос кон сцената. Пубилката речиси без исклучок секогаш е на негова страна. За сето долго време додека е на сцената оние од гледалиштето кон него имаат однос како кон свој. Во тоа се разбира се има вградено и самиот Прличко.“
Најмладиот соработник во книгата Ана Стојаноска во поглавјето Разгледи за Петре Прличко и публиката нагласува ифеноменот Прличко го откривав етапно како што ја архивирав неговата оставина, откривајќи и некои од елементите на тој живот што не и биле достапни на јавноста, но се значајни затоа што се неодминлив дел од неговиот живот - неговата публика. Во оставината на Прличко меѓу важните документи, книги, драмски текстови, книги на снимање и други материјали што го обележуваат животот на еден човек и кои по неговото заминувањесведочат за неговото постоење, се наоѓа и една репрезентативна збирка на примени телеграми, писма, честитки добивани во различни временски интервали и по најразлични поводи. „Писмата од неговите обожаватели ме предизвикаа да почнам да ја истражувам и проучувам и публиката што го направила ѕвезда“.

Утрински весник, 31.05.2005