ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Интервју

Институт за театрологија

Габриела Петрушевска, актерка: Театарот не е во криза, човекот е во криза
Јордан Плевнеш: Вредноста во домашниот театар е вредност насекаде
Ѓунер Исмаил, уметнички директор на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: Поглед надвор од дневно-политикантските досетливости
Петре Бакевски, писател: Театрите кренаа раце од македонските писатели
Никола Ристановски, актер: Се обидувам да си го задржам чувството дека владеам со светот
Мето Јовановски, актер: Букетот од култури има божествен мирис
Никола Ристановски, актер со посебен сензибилитет: Дон Жуан е мојот Хамлет!
Весна Гиновска-Илкова: Уметникот сам си отвора нови врати
Никола Ристановски, актер: Мојата среќа е збир на сите мои среќи и несреќи
Бајруш Мјаку, актер: Актерството не смее да се распродава
Мустафа Јашар, актер: Каков репертоар имаш, таков ти е театарот
Петар Мирчевски, актер: Заради Ричард живеев монашки
Дејан Пројковски, режисер: Создавач на нови светови
Горан Тренчовски, режисер: Освојувачи на духовните пространства
Валентин Светозарев, сценограф: Ми одговара понежниот театар во Санкт Петербург
Васил Зафирчев, актер: Ни недостигаат храброста и искреноста на Шишков
Васил Зафирчев, актер: Вербата е последно што му останува на актерот
Томи Јанежич, режисер: Различноста на театарот ме освојува
Бранко Брезовец, режисер: Македонските актери - најавтентични во Европа
Зоја Бузалковска, режисер: Театарот ни стана мочуриште
Искра Шукарова, уметнички директор на фестивалот „Балканска танц – платформа“: Современата танцова сцена полека се развива и кај нас
Борис Tрајанов, оперски пејач: За опструкцијата знаат и во УНЕСКО
Слободан Унковски, режисер: Го поставив „Лир“ како што би го прочитал Фројд
Слободан Унковски, режисер: Претставата на Македонскиот режисер премиерно во Атина
Снежана Стамеска, актерка: Македонскиот театар е најдобар и најсиромашен
Петар Арсовски, актер: Сакав да бидам обичен човек, а не херој
Слободан Унковски, режисер: Културата е во егзистенцијален хорор
Срѓан Јаниќиевиќ, режисер: Светот е бордел
Срѓан Јаниќиевиќ, режисер: Перверзијата е појака на улица отколку в театар
Вера Вучкова, актерка: Театарот бавно се подмладува
Олгица Христовска, актерка: Да создаваме голема уметност со малку пари
Ана Дурловски, оперска пејачка: Македонското чудо ја освојува Виенската опера
Христо Бојчев, драмски автор: Балканот е душевен резерват на Европа
Александра Мијалкова, првенка на МОБ: Кариерата ќе ја земам во свои раце
Душан Јовановиќ, драмски автор и режисер: Театарот е игра на човечноста
Миле Корун, режисер: Театарот е пат кон вистината
Борис Трајанов, оперски пејач: Учев набљудувајќи ги другите
Борис Трајанов, оперски пејач: Горд сум што се ставив во одбрана на демократијата
Јанез Пипан, директор на СНГ - Љубљана: Театарот мора да биде слободна територија
Јован Ќирилов, Уметничкиот директор на БИТЕФ: Вредностите во театарот ги откривам трагајќи по новото
Младен Крстевски, актер, директор на Велешкиот театар: Копродукциите се лек за театарот
Иван Поповски, режисер: На сцената ја победувам гравитацијата
Владо Јовановски, актер: Имаме повеќе приказни од можности да се раскажат
Бранко Ѓорчев, директор на Драмскиот театар: Актерот треба да е неприкосновен во театарот
Никола Ристановски, актер: Духот ни е гигант
Сашо Миленковски, директор на МНТ: Бродот МНТ ќе го подготвам за пловидба
Билјана Беличанец-Алексиќ, актерка: Доживеав пресврт во својата кариера
Ѓорѓи Јолевски, актер: Излезе од ореовата лушпа и ја освои публиката
Александра Мијалкова, примабалерина: Балетот е совршенство кон кое се стремам
Игор Џамбазов, актер: Дедо ми ме врати в театар
Сашо Миленковски, режисер: Ова е претстава во која Македонецот не е Македонче!
Оливер Митковски, актер: Во театарот ги почитувам ентузијазмот и истрајноста
Самоил Стојановски, актер: Театарот - слатка мака
Мирко Краљев, советник за култура на Хрватска во Македонија: Македонскиот театар најдобар во регионот
Мирослава Кортенска, театролог: Македонскиот театар се развива во позитивна насока
Бојан Трифуновски, режисер: Театарот стана рутина и никој не се преиспитува
Ана Левајковиќ,, актерка: Детето во мене никако да порасне
Мето Јовановски, актер: Транзицискиот период има мрачен отсјај во уметноста
Александар Поповски, режисер: Денешните погрешни чекори ќе одѕвонуваат во вечноста
Мите Грозданов, актер: Од сцената ќе се простам кога душата ќе ме напушти
Дејан Лилиќ, директор на македонскиот народен театар: Од МНТ ќе направиме театарска гордост
Александар Поповски, режисер: Уметникот е вечен панкер и не смее да се врзува за политиката
Александар Поповски, режисер: Проклети да се сите тендери за катни гаражи
Слободан Унковски, режисер: Македонија е во интелектуален и културен хорор
Владо Цветановски, професор и театарски режисер: Живееме во лавиринт од кој разумот не гледа излез
Габриела Петрушевска, актерка: Сите патишта водат во круг

______________________________________________________

Габриела Петрушевска, актерка: Театарот не е во криза, човекот е во криза

Габриела Петрушевска
Наградата за најдобро актерско остварување на последното издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп го доби актерката од Битолскиот театар, Габриела Петрушевска. Улогата на Слободата во претставата „Духот на слободата“ од Чернодрински и Горан Стефановски, а во режија на Мартин Кочовски, Дејан Пројковски и Деан Дамјановски, и го донесе ова највисоко театарско признание. Пред две години таа ја доби наградата „Златна маска“ на фестивалот Охридско лето, за улогите во претставите „Антигона“ и „Јонадаб“.

Таа е извонредно ангажираната актерка во Народниот театар од Битола. Работи студиозно во градењето на секоја улога. Таа владее со театарската сцена, но се уште ја нема на филмското платно. Битолскиот театар е нејзина матична сцена од 1999 година. Во последните неколку недели, заедно со своите колеги, е со Шекспировото дело „Ричард Трети“, кое на сцената на Битолскиот театар го поставува режисерот Љубиша Георгиевски.

Наградите по дефиниција значат сатисфакција. Колку Ви значи оваа последнава, од стручното жири на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, на кој треба да ја има есенцијата на актуелното театарско творештво?

- Пред некоја недела прочитав интервју на мој колега и на вакво прашање тој даде еден сликовит одговор, кој е блиску до вистинскиот. Но, една дама нема да си дозволи слобода до таа мера, а само ќе се надоврзе на следното: вакви признанија ја убиваат суетата, но ја убиваат и амбицијата за лажни вредности. Се руши илузорната скала на вредности диктирана од умот. Ги преживуваш ваквите моменти на признанија поинаку, едноставно. Сето тоа оди дотаму што ми требаше малку напор да се мотивирам за ова интервју. Ова не ми е прва награда па да можам да зборувам за впечатоците од некакво ново искуство. Многу е едноставно. Некој смета дека зад она што го создавам на сцената стојам сто отсто. Во тоа е и штосот. Се друго се гледа од субјективен аспект: на некои им се допаѓам, на некои не и фала му на Бога што е така, зашто ако бев совршена немаше да бидам човек. Ќе бев Бог, а тоа е дефинитивно најтешката „професија“ во целиот универзум. Таква амбиција немам.

Многумина од учесниците забележеа дека Фестивалот ги заборава театарските уметници и дека е пред се направен за публиката, односно дека актерите доаѓаа и веднаш по изведбата си заминуваа. Го имате ли и Вие тој впечаток?

- Тоа е така, веројатно, од практични причини, а сите знаеме какви. Мене лично и ми одговараше таквиот концепт. Гледав неколку претстави, буквално се освежив со „Бура“ на Турската драма и „Жив чоек“ на Драмскиот театар. А мислам дека театарските уметници се консумираат меѓусебно доволно на секојдневните проби, средби, претстави. Ние сме мало парче земја. Ни требаат средби со странски театри, со други култури преку копродукции и поздравувам секаков обид од тој тип.

Важите за исклучително успешна актерка во театарот, но на филмското платно Ве нема. Има ли воопшто критериуми што одредуваат дали ќе бидете актерка во филм?

- На ова прашање јас не можам да дадам одговор. Бев на кастинг за три големи филмови во последните пет години и се сведе само на тоа. Ако одговарам искрено, ќе кажам дека малку сум уморна од театарот. Од друга страна,

филмот е примамлива приказна, но можеби не е моја. Не затоа што не можам да се справам со тој свет, напротив, но ништо не е убаво ако се форсира. Многу случувања и луѓе од мојот живот не дошле до мене се до моментот додека не сум била спремна за таквата средба. Можеби филмот е нешто што следува... не знам... ќе видиме...

Велат дека театарот е во криза. Како ја чувствувате Вие таа криза?

- Не е точно, лажат! Театарот не е во криза, човекот е во криза. Неговата мрза е во полн цут, секогаш другиот е виновен, се бараат виновници и тука се завршува. Само се коментира и мудрува, а годините си врват. Љубовта не се кажува, таа се покажува. Ако некој навистина се грижи за уметноста ќе создава простор за нејзиниот развој и само развој. А тој некој сме сите ние што сме го одбрале овој пат на самореализација. Јас би прашала: „А каде ни е љубовта како начин на живеење“? Vox clemetis i deserto!

Дали театарот треба да биде спектакл. Зошто ние немаме такви претстави?

- Многу едноставно, немаме пари да го издржиме тоа, немаме нерви да го сработиме така. Се е преориентирано на хиперпродукција. Гледаш нешто, те нервира колку е педантно и скапо, колку е спектакуларно и си викаш „аааааа, дааааа знам, ова е американско!“ Е па, е!!!

По пет години, Љубиша Георгиевски поставува театарска претстава („Ричард Трети“) во која Вие играте. Колку тоа Ви импонира?

- Ако ме прашате кој лик би сакала да го играм во „Ричард Трети“, би ви одговорила... Ричард. Но ја добив Лејди Ана и токму на завчерашната проба почнавме да се разбираме со неа. Сакам да и го најдам лудилото и се ќе биде како што треба. Искуството на Љубиша Георгиевски ми укажува на многу корисни трикови во актерската техника. Во принцип, тоа се нештата што ме интересираат во еден процес. Се надевам на безобразно интелигентна претстава „Ричард Трети“, а за тоа ќе се погрижи режисерот.

Професионално, каде натаму?

- Одговорите на сите мои прашања лежат таму некаде во иднината, а јас ќе ја продолжам потрагата за еден поубав свет.

Дневник, 15.06.2005