ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен Театар „Антон Панов“ - Струмица

Народен Театар „Антон Панов“ - Струмица

Борче Грозданов: Смешната страна на бракот
Борче Грозданов: Дантон или не, прашање е сега?!
Лилјана Мазова: Концепт што претставата ја сведува на евтин продукт
Илија Упалевски: Претстава со ризични константи
Тодор Кузманов: Интересна варијанта
Цветанка Зојчевска: Каде е пеколот?
Борче Грозданов: Парите се отепувачка - милионерот си е милионер...
Борче Грозданов: Интересна Шекспирова слика
Даниела Стојановиќ: Возвишена Ода за Мисирков и Македонија
Борче Грозданов: Македонија се кажува и Брехтовски
Александра Бошковска: Обременето и стилски неиздржано
Лилјана Мазова: Цинична игра за животот и приклученијата на власта

______________________________________________________

Борче Грозданов: Смешната страна на бракот

КОН ПРЕТСТАВАТА „ДАМАТА ОД МАКСИМ“ ОД Ж.ФЕЈДО, РЕЖИЈА КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ, ПРОДУКЦИЈА НУЦК „АНТОН ПАНОВ“ ОД СТРУМИЦА
Борче Грозданов
Дека релацијата маж - жена или, поточно, сопруг - сопруга понекогаш знае да доведе до комични ситуации и дека тие можат да кулминираат со заплет кој ја прикажува смешната страна на „медалот“ брак, мајсторски покажува врвниот француски комедиограф Жорџ Фејдо. Таква е неговата пиеса „Болва во уво“, потоа „Кројач за дами“, а, без друго, и „Дамата од Максим“. Оваа Дама имавме можност да ја видиме на сцената на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица. Главниот „виновник“ за присуството на Фејдо и неговата Дама е режисерот Коле Ангеловски, кој уште еднаш го докажа своето мајсторство за „пакување“ комедии. Уште поголем е успехот кога публиката се смее на своите лудории, односно кога тоа ќе го чуе преведено и доведено едноставно на нашиот разговорен течен, луциден, македонски јазик. Иако во Париз ликовите на Фејдо и Ангеловски говореа литературно, струмички, српски (генералски) од поранешните југословенски простори, па дури и босански. Со овој наплив на емотивен израз само се дополни енергијата која ја дадоа актерите во оваа типична комедија на ситуации. И покрај статичниот сценски простор кој сме го виделе во повеќе режии на Ангеловски, а во изведба на сценографот Илина Ангеловска - соба омеѓена со три ѕида, стеснета со неколку собни реквизити, актерите многу добро го владееја просторот и мизансценот, пред се, со својата динамичност и енергичност. Главната хероина Момето Муцош или Николина Кујача многу добро го владееше својот скопски-босански јазик, а по малку и „сомнителен“ карактер, и низ целото дејствие успешно ги влечеше комичните конци. Многу добра улога одигра и носителот на дејствието, Бранко Бенинов или докторот Петипон, кому улогата, буквално, му „легна“, со што докажа дека навистина успешно плива во хумористичните води. Особен позитивен впечаток остави Ванчо Крстевски, со својата појава како генерал Петипон, кој успешно ја владееше својата „мешаница“ од јазици и гротескната надменост со која доминираше на сцената. Интересна ролја оформи и Васил Михаил, играјќи го смотаното, на моменти и дебилно грофче, креирајќи лик со стриповски контури. Слугата Етјен или Томе Ментинов својата ненаметливо присутна „епизода“ ја доведе до чесен однос на релација задачи и односи кон сцената. На висината на својата задача, како и со својата енергија беа Кољо Черкезов со неговиот Монжикур, Јасмина Вучкова како Клементина, како недоветно селанче, многу симпатично одиграно. Тинка Ристевска, како надмената грофица и Ален Нанов како поручникот Корињон, кој со својата игра само го дополни впечатокот на успешна актерска претстава. Во секој случај, видовме еден релевантен театарски чин, кој одлично ја врши, а, верувам, и во иднина ќе ја врши својата основна задача - да ја забавува публиката. Со овој чин - претстава уште еднаш Ангеловски и струмичките актери докажаа дека комедијата, онаа добрата, е многу сериозна работа.

Вечер, 18.05.2005