ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Формирање професионален театар во Охрид

Институт за театрологија

Охрид со свој театар
Охриѓани ја туркаат идеја за градски театар
Охрид во знакот на Талија
Среќен почеток со „Хамлетовиот... сос“
Охрид со професионален театар до крајот на годината
Во Охрид и официјално професионален театар
Обнова на театарската традиција
Со фарсата за храбро стадо вистината за уметноста
Обновен охридскиот професионален театар

______________________________________________________

Охрид со свој театар

Повеќегодишната борба за формирање градски професионален театар во Охрид конечно доби разврска. Во Охрид и официјално е склучен договор за соработка меѓу иницијаторот на идејата за основање градски театар „Медија Артес“ и мецената на охридската култура, охридскиот бизнисмен Венко Шапкар.
- Живееме само преку летото. Среќен сум што успеавме оваа идеја да ја насочиме во вистинска насока - изјави Венко Шапкар при потпишувањето на соработката.
Целта на оваа иницијатива е да го ангажира постојниот уметнички креативен творечки и човечки капацитет на Охрид во обезбедување континуиран и висококвалитетна понуда на театарски претстави и сродни настани, со што ќе се задоволат културните потреби на локалната публика.
- Значајна е оваа иницијатива не само заради опстанок на идејата за професионален театар, туку затоа што на ниво на Македонија ова претставува нов вид соработка меѓу културата и деловниот сектор - рече Јасмина Биљаловиќ од „Медија Артес“.
Паралелно на иницијативата театарот почна да работи на подготвување на претставата „Хамлет во пикантен сос“, во режија на Горан Стојановски.
- Оваа комедија има висока уметничка вредност и значи подготовка на публиката за во иднина да може лесно да ги проголта големите класични дела - изјави режисерот на претставата Горан Стојановски.

И.О.
Време, 25.04.2005