ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Албански театар - Скопје

Албански театар - Скопје

Лилјана Мазова: Малите луѓе во глобалните проблеми
Лилјана Мазова: Во огледалото на вистината за себе
Лилјана Мазова: Невистина загнездена во вистината
Лилјана Мазова: За изгубената љубов - со љубов
Лилјана Мазова: Надежта како лајт-мотив
Е.Д.: Инкогнито враќање на режисерот Унковски
Лилјана Мазова: Питачка опера како сатиричен стрип за криминалот и изгубениот морал

______________________________________________________

Е.Д.: Инкогнито враќање на режисерот Унковски

Поставувањето на „Пер Гинт“ од Хенрик Ибзен во македонските театри навистина е куриозитет. Уште повеќе поради фактгодини повторно режира во Македонија и тоа на сцената на еден „помал“ театар - албанскиот. Копродукцискиот проект меѓу театрите од Македонија, Косово и од Албанија, поддржан од министерствата за култура на овие земји, како и од фондација која ја доделува наградата „Ибзен 2009“, неколку месеци се работеше тивко, без големи најави и ветувања. Впрочем, така помина и премиерата завчера во Скопје. Дел од публиката сосема случајно дознала дека токму вечерта ќе биде премиерната изведба. Но, сите дојдоа со големи очекувања бидејќи, конечно, Унковски се врати на домашната театарска сцена. Одлично избрана екипа - костимите на Александар Ношпал, кореографијата на Ѓерги Превази и сценографија на Миодраг Табачки, тројцата веќе одамна докажани на сите балкански театарски сцени. Одлична актерска екипа, предводена од актерите од албанскиот театар и гостите од Приштина и од Тирана. Резултатот на крај - збунувачки. Здодевна и неатрактивна сценографија, едноставни костими, нетипични за Ношпал, кому заштитен знак му е раскошното. Три и полчасовната приказна за Пер Гинт, инспирирана од норвешките народни приказни за момче од сиромашно семејство кое фантазира, се фали, мечтае за пари и за власт, само во некои делови го задржува вниманието. Во голем дел можеше да се биде само пасивен набљудувач на неговиот дијалог со општеството, вистината и разумот кои како призраци надвиснале над сцената. И поради должината на текстот, но и поради лошиот симултан превод за оној дел од публиката кој не разбира албански, некои од главните реплики исчезнаа во борбата со тонот и лошото читање на преводот. Секоја пофалба за актерската екипа: Фисник Зекири кому Пер Гинт во младоста одлично му лежеше, Џевдет Јашари како Пер Гинт кој патува и тргува и Бајруш Мјаку како Пер Гинт кој во староста бара ослободување и искупување за гревовите ја заокружија комплексноста на ликот, кој бара изразена актерска индивидуалност, што не беше тешкотија и за искусната Илка Мујо од Албанија. Она по што, сепак, е значајна оваа продукција на албанскиот театар е што еден од најзначајните текстови во европската драматургија за првпат се поставува во Македонија и претставува пополнување на празнината во однос на творештвото на норвешкиот автор кај нас. Досега на сцената на скопските театри драмите на Ибзен биле поставени само трипати, во МНТ и повторно во албанскиот театар, и тоа со „Нора“, „Хеда Габлер“ и „Непријател на народот“, а од останатите театри Ибзен го работеле во Прилеп, Штип и во Струмица.

Време, 29.05.2010