ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Албански театар - Скопје

Албански театар - Скопје

Лилјана Мазова: Малите луѓе во глобалните проблеми
Лилјана Мазова: Во огледалото на вистината за себе
Лилјана Мазова: Невистина загнездена во вистината
Лилјана Мазова: За изгубената љубов - со љубов
Лилјана Мазова: Надежта како лајт-мотив
Е.Д.: Инкогнито враќање на режисерот Унковски
Лилјана Мазова: Питачка опера како сатиричен стрип за криминалот и изгубениот морал

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Малите луѓе во глобалните проблеми

Лилјана МазоваНа репертоарот на Албанскиот театар, како последна претстава од изминатата театарска година, е премиерата на „Луѓе од соседството“ или само „Соседите“. Според драматуршката тема, според режисерскиот концепт и играта на актерскиот квартет, тоа е претстава која моќно говори за глобалните проблеми на сегашната цивилилизација. Збор е за индивидуата, за малиот човек, маргиналецот заробен во денешното глобално антиисламско расположение.
Автор на драмата е Британецот Хенри Адам, режисер е Срѓан Јаниќијевиќ, четирите лика ги играат Џевдет Јашари, Хисмет Рамадани, Адем Карага и Ајета Реџепи. Сцената и костимите се на Илина Ангеловска.
И според авторот Адам и според она што го поставува и остварува режисерот Јаниќијевиќ, од сцената се следи урбана драма (дејството е сместено во Лондон, меѓу луѓето од најниските општествени слоеви). Во средиштето на сценското дејство е состојбата со која денес светот живее, а кај нас е исто исклучително чувствителна и актуелна. Глобално за поаѓалиште го има односот кон муслиманскиот свет по настаните од 11 септември 2001 година - терористичките напади врз САД, по што се создаде и таквото изразено антиисламско расположение, а префрлена во нашиов простор и време исто го отвора прашањето на препознавањето на/со темава. Значи, драмата и временски е многу блиска до денешната, пак глобална, антиисламска расположба.
Драмата на Хенри Адам прво е поставена во Велика Британија, таму минатата година, освен што беше високо вреднувана, е и наградена, и истата изведба гостуваше и во Скопје (30 септември 2004). Се игра во две верзии во Шпанија, и сегашната изведба на сцена во Македонија е практично нејзино четврто поставување во светот, се разбира, за релативно кусо време. И уште еден податок: гостувањето на англиската изведба во Скопје на „Луѓе од соседството“ беше преку Британскиот совет во Македонија кој е и копродуцент (финанисер) на претставата на сцената на Албанскиот театар во Скопје.
Отворената и концентрирана драматургија на Адам на темата/темите за луѓето од периферијата - жртви на сиромаштијата и на светската политика, за режисерот Јаниќијевиќ е можност, заедно со актерите, драмската приказна да се збие во жестоко исповедна драма/претстава во која актерот е оној кој ги држи конците на дејството во свои раце. Токму таков е ликот на Џевдет Јашари како младиот Најџел кој, како жител на Лондон, дури по терористичките напади на САД дознада дека е Муслиман и дека мора да се бори за себе против новиот поглед на околината. Со јачината на сопствената волја ја добива пред сe битката со себе која Јашари на сцената ја реализира многу разложено и концентрирано. Нејџел е млад човек - навлечен на пороците на времето и е дел од маргиналците - луѓето од периферијата на градот и на животот, но останува разумен: не го прифаќа она што од него го бара иследникот - да биде еден вид поткажувач; во него има љубов и разбирање за помладиот од него Марко - дете кое животот го минува под скалите на зградата во која станот на неговата мајка е и нејзино место за заработувачка продавајќи го телото за малку пари; Неџзел ја има за блиска и жената/мадам која живее во свој свет - загрижена е и го сака Нејџел, а „живее“ со покојниот сопруг.
Енергијата која излегува од играта на Џевдет Јашари има и чудна леснотија па на публиката црнилата од реалниот живот и стануваат препознатливи и и дозволуваат да се опушти и дури да се смее на она што е тажна реалност, режијата на Срѓан Јаниќијевиќ инсистира да се пренесе и на играта на другите тројца актери - пред сe на Хисмет Рамадани, и на Адем Карага и Ајета Реџепи. Сцената во првиот дел е „теренот“ на кој секој од нив е на класична детска лулашта на која секој е сам и несигурен, а во вториот дел - кога никој веќе „не лета/не се лула“ е рамен простор, свој избор и својата ситуација. Без разлика дали е губитник или не, го потврдува она што е и целата идеја на драмата и на претставата: една хиперурбана драма да го покаже светот денес на релацијата меѓу исламот, тероризмот и малиот човек случајно заробен во едно од најактуелните прашања на денешната глобална светска политика.

Нова Македонија, 12.01.2005