ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив

(Кон премиерната изведба на операта „Мадам Батерфлај“)

Премиерната изведба на една од најемотивните опери на Џакомо Пучини, прочуената „Мадам Батерфлај“ на сцената на Македонската опера во петокот навечер, беше прекрасно збиднување какво што навистина ретко се доживува кај нас. Оценката за него, едноставно, ја дадоа громогласните, френетични аплаузи на многубројната публика. Сите оние кои се најдоа на сцената, од најмалите улоги до протагонистите, беа исклучително окарактеризирани и се покажаа како комплетни оперски уметници.
Сопранот Весна Гиновска-Илкова како хероињата Мадам Батерфлај се надмина себе си, ги надмина своите уметнички квалитети кои несомнено и пред оваа нејзина нова улога беа на едно мошне високо, европско ниво. Таа е вистинскиот избор за нараторри на судбината на младата девојка од Јапонија, Чо Чо Сан или Мадам Батерфлај, напуштена од американскиот офицер Пинкертон. Оваа секојдневна, човечка ситуација, навидум едноставна, нашиот сопран Весна Гиновска ја преслика во возвишен уметнички чин, докрај искористувајќи ги сите свои вокални и актерски мајстории, како и најповеќе, сопствениот емоционален спектар. Елементи кои во целост го обликуваа не само нејзиниот лик, туку и воопшто целата опера во едно естетски врвно дело. Бидејќи, ликот на Мадам Батерфлај ја носи тежината на целата претстава, па затоа и вниманието на публиката постојано беше насочено кон Весна Гиновска која длабоко емотивно, но и со вокална леснотија ја интерпретираше музичката комплексност. Таа целосно му се предаде на својот лик на напуштена жена чии копнежи, страст, љубов, мајчинската грижа, за неа, ќе ја изгубат својата суштествена вредност. Посебен впечаток остави и нејзината актерската игра, гестикулациите и сценските движења преку кои верно ни ги долови обичаите на јапонската традиција. Очекувано, најмногу емоции предизвикаа изведбата на прочуената арија „Еден убав ден“ испеана топло и суптилно, како и сцените со нејзиниот син во кои Гиновска ги преточи вистинските човечки карактеристики, мигови кои не можеа да ја остават публиката рамнодушна. Нејзината интерпретација на Мадам Батерфлај, близок лик на нејзиниот уметнички темперамент, ќе остане трајно запаметена. Токму таква изведба публиката и очекуваше од Весна Гиновска-Илкова, длабоко да се поистовети со улогата, бидејќи обновувањето на „Мадам Батерфлај“ после долги години пауза на сцената на Македонската опера, предизвика големо ехо особено кај музичката јавност.
Ликот на американскиот офицер Пинкертон го толкуваше гостинот од Полска, тенорот Калуди Калудов, чиј богат вокален спектар соодветствуваше на нивото на гласовните карактеристики на Весна Гиновска. Затоа силни беа импресиите и за време на нивната взаемна комуникација. Својата улога на лекоумниот и површен Пинкертон ја оствари мошне прецизно и сугестивно, давајќи им креативен израз и на најситните детали. Баритонот од Романија Јонуц Паску како Шарплес, беше исто така импресивен во својот актерско-сценски лик, со изнијансиран вокал. Емотивна креација прикажа и нашата помлада певица, Марика Поповиќ, како Сузуки. Режисерот Александар Текелиев од Бугарија, кој првпат се претставува на нашата оперска сцена, очигледно тежнеел кон една поавтентична поставка, без експерименти. Сето она што се случуваше на сцената беше грижливо направено, со многу чувства и вкус. Едноставно, сите компоненти на претставата беа соединети во една исклучително привлечна целина. За тоа, секако, заслугата му се припишува и на диригентот Тошио Јанагисава од Јапонија, кој умешно, консеквентно го водеше оркестарот, внесувајќи ја неопходната динамичност. Посебно впечатливи беа пиктуралните костимски решенија на Лира Грабул, збогатувајќи ја со живи бои скромната сценографија на Живоин Трајановиќ. Повеќе од функционални, со кои јасно беше исткаена симбиозата меѓу две сосема различни култури, јапонската и американската, тие ја  пресликаа атмосферата на нежност и егзотика присутна во сентименталната приказна на Пучини.
Беше тоа претстава каква што ретко доживуваме на нашата оперска сцена, претстава која несомнено треба долго да се задржи на репертоарот. „Мадам Батерфлај“, со ваква уметничка екипа, ја остава публиката без здив.

Утрински весник, 14.03.2005