ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки

(Кон „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини; диригент: Тошио Јанагисава, режија: Александар Текелиев; изведба: Македонска опера)

По пауза од две децении на сцената на МНТ повторно прозвучи Пучиниевата „Мадам Батерфлај“. Со проверена екипа на главни солисти, едноставна сценска поставка и традиционална режија, се возобнови меморијата на изведбите кои љубители на оперската уметност ги асоцира на Марија Калас и нејзините изведби на ариите на Чо Чо Сан.
Дека поставувањето на стариот „железен“ репертоар сепак може да вроди со плод се покажа и овој пат. Врз потврдената претходна соработка на одредени солисти, на сцената како толкувачи на главните ролји се појавија Весна Гиновска-Илкова - Чо Чо Сан, Калуди Калудов -Пинкертон (Бугарија/Полска), Јонуц Паску - Шарплес (Романија), Марика Поповиќ-Сузуки, Дејан Стоев-Горо. Диригентската палка ја имаше гостинот од Јапонија, Тошио Јанагисава.
Во рамки на можностите во сценографијата на Живојин Трајановиќ доминираше една статична централна традиционална куќа околу која се оформуваше комплетното дејствие. Во истите тие рамки се движеше и режисерската обмисленост на делото на Александар Текелиев од Бугарија. Костимографијата на Лира Грабул соодветствуваше на јапонската традиција и современоста која ја внесуваат ликовите на Пинкертон и Шарплес.
Неизбежната тема - љубовта, реализирањето и разочарувањето, пожртвуваноста на жената е централно дејствие во Пучиниевиот сон за земјата на сонцето. Сите трансформации, радост, мечтаење, болка, „патос“ беа насочени кон централниот лик на гејшата Чо Чо Сан, остварени преку сценската и вокалната креација на Весна Гиновска-Илкова. Гиновска се впушти во реализацијата на особено побарувачка ролја, преку кантилените и тешките ариоза („Јасен ден ќе дојде“)кои со емотивни трансформации ги вообликуваше. Таа станува мајстор на сензибилното водење на фразите и заедно со харизмата што во себе ја носи потврдува дека се работи за комплетен оперски уметник.
Како веќе потврден партнер на Гиновска од изведбите на „Аида“ и „Тоска“, Калуди Калудов и овој пат беше стегнат во сценската игра, но затоа пак доминираше со вокалната изведба.
Не може а да не се посочи успешниот настап на Марика Поповиќ во улогата на Сузуки, која по оваа реализирана ролја треба почесто да ја гледаме како солист, со цел да и се даде можност за дооформување и градење на солиден натамошен носител на главните ролји. Секако тука е и Дејан Стоев кој особено сценски, покрај вокалното, успешно ја одигра улогата.
Оркестарот, иако многу пати покажа апсолутна нестабилност и нејасност во изведба на нотниот текст, успеа до крај да ја изведе операта. Хорскиот ансамбл овој пат со минималната присутност на сцена, солидно ги исполни вокалните партии.
Возобновената „Мадам Батерфлај“ остави позитивен впечаток и навести можности за нови насоки во остврарувањето на оперските дела на сцената на Македонската опера и балет.

Вест, 10.03.2005