ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска

Операта „Мадам Батерфлај“ од италијанскиот композитор Пучини светска премиера имала во Милано во далечната 1904 година. Во Македонија првпат е изведена пред 21 година. Во ова ново издание солисти се: Весна Гиновска-Илкова (Чо Чо Сан), Калуди Калудов (Пинкертон), Јонуц Паску (Шарплес), Дејан Стоев (Горо), Марика Поповиќ (Сузуки), Анастазија Јовановска-Спасоевска (Кејт) и други. Диригираше Тошио Јанагисава од Јапонија, а режисер на претставата е Александар Текелиев од Бугарија.

Домашната публика досега имала многупати можност да ја слушне првенката на Македонската Опера и Балет, сопранот Весна Гиновска-Илкова, но во улогата на Мадам Батерфлај, односно Чо Чо Сан таа блескаше. Таа покажа дека е уметник од голем калибар, кој постојано се надградува. Секој уметник се стреми кон достигнување на одредено мајсторство и виртуозност, но не така ретко се случува многумина од тие „таленти“ да останат вечно на едно исто професионално ниво. Очигледно дека со сопранот Гиновска тоа воопшто не е случај. Врвна вокална умешност и солистичка интерпретација што е за секоја почит беа одлика на нејзината изведба.

Тенорот од Полска, Калуди Калудов, кој настапи во улогата на Пинкертон, е светски познат солист со реноме. Вистинска реткост е да се види и да се слушне тенор од таков ранг кај нас. Салата во МОБ поседува посебна акустика, секој глас различно резонира, во зависност од вокалните можности на изведувачот. Така, на пример, кога баритонот Борис Трајанов настапува во улогата на Скарпија, салата на еден магичен начин се исполнува со моќен звук. По тоа се издвојуваат великите од другите добри уметници. Нешто слично се случи и со Калудов, можеби уште поспектакуларно, бидејќи се работи за тенор. Солистот од Романија, баритонот Јонус Паску, воопшто не заостануваше со својата изведба зад веќе споменатите солисти. Диригентот од Јапонија, Тошио Јанагисава, навистина прикажа како еден диригент може и треба да се задлабочи во музичкото дело. Преку неговото диригирање и истражување на операта „Мадам Батерфлај“, дојде до полн израз „фанатичната“ јапонска посветеност.

Можеби имаше ситни грешки кај оркестарот и кај некои солисти, можеби на некои места Јанагисава требаше поуспешно да ја нијансира динамиката, но таквите моменти воопшто не беа пресудни ниту, пак, можеа да ја засенат успешната претстава и импресијата од изведбата на „Мадам Батерфлај“.

Дневник, 10.03.2005