ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката

Тоа е дело со силна инспирација и страствен израз, проткаено со длабок и нежен лиризам што одговара на специфичниот пучиниевски стил - опера каде се чувствува „здивот на нежноста и егзотиката“, но и на драматизмот доловени со мелодии и арии со широк здив и мајсторска оркестрација. Вокалните солисти, Хорот и Оркестарот при Операта беа на завидно рамниште, а сценската реализација ја овозможија новата режисерска верзија на Александар Текелиев од Бугарија, новото сценографско решение на Живоин Трајановиќ, автентичната костимографија на Лира Грабул и хор-мајсторот Алгис Заборос од Литванија.
Носител на трагичната фабула беше Весна Гиновска - Илкова, сопран со висококултивирана вокација која со своите технички, гласовни и актерски квалитети максимално се соживеа во улогата на Чо Чо Сан - јапонска гејша чија љубов со американскиот поморски капетан Пинкертон трагично завршува. Весна даде восхитувачка емотивна интерпретација, чија страсна и сугестивна моќ уверливо му вдахна живот на ликот. Прецизна и суптилна во изразот, сугестивно ја одразуваше експресивната звучност на нејзината префинета колоратура, што претставува висок степен на креативен блесок. Во тој импресивен чин на музицирање нејзината креација, што ја красеа нагласената волуменозност и емотивна природа на расен оперски уметник од висок ранг, ги доловуваа најсуптилните нијанси. Тоа се клучни референци со кои постигна возбудлив музичко-сценски интензитет што ја одразуваше психолошката проникливост во сржта на лирско-драмското сиже за што беше поздравена со френетични аплаузи, подигајќи ја публиката на нозе. Така, со трогателната судбина на Чо Чо Сан, авторот Џакомо Пучини ја постигна својата цел: публиката да сочувствува со главните протагонисти и некој од публиката дури и да заплаче. А тоа и се случуваше...
Со оваа улога Весна беше централна личност и генератор на драмското дејствие во операта „Мадам Батерфлај“, но тука беа и другите интерпретатори кои придонесоа за успехот во изведбата. Ја почувствувавме топлината на лирскиот тенор Калуди Калудов од Полска, чиј индивидуален креативен пулс долови вдахновена визија на длабоко доживеан лик на Пинкертон. Тоа е глас што плени и со волуменозноста и со сугестивната моќ на неговата вокација. На тоа креативно ниво беше и Јонуц Паску од Романија чии вредности публиката умееше да ги почувствува, а Марика Поповиќ како Сузуки, пленеше со драмскиот алтовски тембр. На Дејан Стоев, кој сценски беше многу убедлив, сепак му недостасуваше поголема волуменозност на гласовниот потенцијал.
Хорскиот ансамбл, како толкувач на разновидни емотивни нијанси, во епизодниот настап беше на високо ниво и релјефно ја артикулираше свадбената церемонија. Оркестарот прозвучи како урамнотежена инструментална формација која одговори на сите барања на диригентот Тошио Јанагисава. Со познатиот азијатски фанатизам јапонскиот маестро овозможи зрела интерпретација, обраќајќи максимално внимание на интерпретаторските финеси со сенс за сплотеност меѓу вокално инструменталниот дел и сцената, а ги потенцираше и егзотичните бои во оркестрацијата.

Нова Македонија, 09.03.2005