ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас

Операта „Посета од Старата дама“, од современиот австриски композитор Готфрид фон Ајнем, беше првпат изведена пред домашната публика

Македонската опера и балет беше соочена со сериозен предизвик поставувајќи ја претставата „Посета од Старата дама“, која е од поновото современо оперско творештво. Се работи за тешка и несекојдневна партитура. Солистите, на кои очигледно повеќе им лежи италијанскиот јазик за пеење, одлично се снајдоа во изведбата на германски јазик, на кој е напишана таа опера.

Дејството на приказната е сместено во гратчето Гилен, кое веќе е потонато во тешка сиромаштија од која никој не гледа излез, се до доаѓањето на неговата поранешна жителка Клер Цаханасиан (Старата дама), која во меѓувреме станала милијардерка. Сите надежи на сиромашните граѓани се свртени кон неа.

Режисерката од Австрија, госпоѓата Надја Кајали, намерно не ја прецизирала местоположбата на малото гратче, свесно оставајќи простор за идентификување на публиката со нивното секојдневие каде и да се. За диригент на претставата беше избран господинот Јосип Шего од Хрватска, кој за време на подготовките на оваа претстава навистина беше максимално посветен на дадената задача (имаше долги и напорни проби).

Солисти беа Томислав Бекиќ од Хрватска, потоа Анастасија Каптелова, Цветан Стојановски, Игор Дурловски, Кирју Лијаковски, Зоран Сотиров, Панче Стојановски, Ристо Петровски, Бојан Карас, Дејан Стоев, Билен Еминов и други.

Операта изобилуваше со масовни сцени, многу ликови и со силни и впечатливи солистички и хорски делници. Сето тоа беше надополнето со визуелни ефекти, како и со костимографија која беше во црвено-црната боја и веројатно се сакало да се долови ефектот на униформираност, односно кога сите се свртуваат против еден, а тоа е бившиот љубовник на Старата дама, господинот Ил, чија смрт е неизбежна.

Обично во преден план се солистите, но овој пат и хорот имаше свои впечатливи моменти, особено во некои сцени во кои со моќта на музичката изведба тие ја потсетуваа публиката на тешката содржина на операта. Забележителен сегмент од претставата беше и повременото појавување на слепите Коби и Лоби, кои пеејќи во паралелни терци му даваа посебна „апсурдност“ на драмското дејство.

Оркестарот беше на ниво на својата задача, а повремено изненадуваа нагласените ударни елементи, кои поради специфичноста на операта како музичко дело се ретко толку силни.

Претставата во целина беше добро изведена. Остана впечатокот дека првиот чин траеше ужасно долго, иако таа природно требаше да биде поделена во три чина. Претставата дефинитивно можеше да помине и без т.н. „Ѓаволски посмртен танц“, каде што хорот одигра едно македонско оро што домашниот гледач ама апсолутно не го асоцира на „Ѓаволски танц“.

Дневник, 13.12.2004