ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ


Уште едно ремек-дело на Џакомо Пучини завчеравечер доживеа своја премиера на сцената на МОБ. „Плаштот“, овој пат за жал реализирана без придружните две едночинки од триптихот („Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“), е уште едно сведоштво за разнообразноста и талентот на Пучини. Со своите педесетина минути чистокрвен веризам, „Плаштот“ осликува еден до болка реалистичен и комплетно веродостоен свет. Неговите веродостојни ликови раскажуваат за човечкиот копнеж и незадоволство, љубомора и злочин од страст, на начин својствен само на музичката магија на Пучини.
Поставување на ова дело му беше доверено на Цветан Стојановски, кој за првпат како режисер се претставува пред скопската публика. Режисерските решенија на Стојановски главно успешно го надополнуваат и до следат либретото и во клучните моменти имаше јасна драмска тензија. Во тандем со сценографот Зоран Николовски, двајцата искреирале успешна визуелна подлошка за музичко-драмскиот амбиент нуар на „Плаштот“. Осветлувањето, исто така, придонесе кон креирањето на мрачната и депресивна атмосфера, која го навестува кобниот крај на приказната, иако во одредени моменти не даваше јасен акцент на дејството.
Нико Исаков години наназад чест гостин на нашата оперска сцена, како и секогаш и овој пат покажа видна зрелост во толкувањето на средовечниот и замислен Микеле. И покрај тоа што не го владееше гласовниот фокус подеднакво квалитетно низ целата улога, тој сепак не почести со јасно конципирани фрази донесени со тембр карактеристичен за оперскиот веризам. Исаков беше јасно навлезен во карактерот на Микеле и од драмски аспект беше „комотен“ во кожата на овој лик.
Во својот манир на прецизно дефинирање на ликовите, Пучини во остар фокус ги донесува и помалите улоги како што се носачите Тинка и Талпа. Во таа насока за поздравување е појавата на Бранко Поп-Георгиевски во улогата на Талпа. И покрај тоа што веќе е во пензија, Поп-Георгиевски покажа дека се уште има што да и даде на операта. Неговата сценичност и искуство преточени во карактерната изведба на иако малата улога на Талпа, на моменти го враќаат шармот на подобрите времиња на македонската опера. Оркестарот под водство на Саша Николовски-Ѓумар на моменти како да беше понесен од сугестивноста на делото и звучеше забележително добро. Но моментите на слабости сепак постоеја, и заедно со повремената несигурна координација со солистите придонесе кон недоволно интегрирана изведба на делото. Изведбата на женскиот хор, иако кратка, беше музички многу издржана, додека, пак, машкиот целосно потфрли.
Конечно, ваквиот избор за надополнување на оперскиот репертоар на МОБ е за поздрав и покрај очигледниот факт дека нашата оперска куќа пред се не располага со солистички ансамбл издигнат на нивото на ова специфично дело на Пучиниевиот веризам.
Репризата на оваа опера со мала измена во улогите ќе биде утре во салонот на МОБ.

Шпиц, 01.12.2008