ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Тина Иванова: Досадна премиера


Обидот да се постави операта „Плаштот“ („Il Tabarro“) на италијанскиот романтик Џакомо Пучини на македонска сцена, и тоа по пауза од скоро половина век, е за поздрав. „Плаштот“, како дел од познатиот Триптих („Il Trittico“) на авторот во кој се содржани и „Сестра Анџелика“ и неговата единствена комична опера „Џани Скики“, и кај нас, како што биднува во последно време и во светот, се реализираше засебно, како едночинско дело. Но, за жал, амбициозните најави за завчерашната премиера од страна на организаторот, Македонска опера и балет, и уште поамбициозниот зафат на оперскиот пејач Цветан Стојановски овој пат да ја игра улогата на режисер, се изгубија во лавиринтите на сувопарноста и монотонијата. Едноставно, македонската премиера на „Плаштот“ доживеа неуспех.

Пучини е препознатлив и се издвојувал од неговите современици најмногу по мајсториите за истенчено обликување на деталите, по тоа што во сите свои дела голема важност му придавал на драмското обликување, но и за создавање на таква атмосфера, која ќе успее да ја наметне односно рефлектира кај публиката како би можела таа да се соочи одблизу со предизвиците на приказната. Но, овој пат се чини, гледавме некој друг Пучини. Недостигаше неговата изразита драматургија, односно сугестивна драмска сила, ја немаше таа привлечност која доаѓа од лирската чувствителност на ариите, од присутната меланхолија. Приказната за љубовта меѓу Џорџета (младата жена на Микеле-стариот сопственик на брод) и наемниот работник на бродот Луиџи, приказната за страста, страдањето, гневот..., беше далеку од нас присутните завчера во Салонот на МОБ.

Очигледно е дека Цветан Стојановски, сега како режисер на „Плаштот“, имал намера да направи нешто невообичаено, да внесе нови и свежи интервенции во дејствието. Но, приказната немаше динамика, немаше континуирано течение, го немаше ритамот и пулсот на движење што би било вообичаено во тоа времетраење од само еден час на операта, немаше разиграни, раскошно обликувани планови во позадина, како би се издвоило основното дејствие и дијалошките форми во предниот план, немаше возбуда, немаше промени... Приказната беше досадна, со непотребни и навидум незабележливи сосема куси паузи кои ја прекинуваа играта, со режиски решенија вметнати само колку да постои некаква промена, без причина (страничното излегување на продавачот на канцонети на пример, шетањето на девојките по сцената небаре се манекенки, излегувањето на детето и жената...), а кои го одвлекуваа вниманието од сржта на приказната, од фокусот на основното дејствие, од погледот кон главните пејачи. Од друга страна пак, и поделбата на улогите беше несоодветно направена. Сопранот Павлина Новакова-Георгиев како Џорџета и тенорот Ѓорѓи Цуцковски како Луиџи се познати на македонската оперска публика од нивните досегашни, се разбира, засебни успешни остварувања. Но, не се добри како вокален тандем. Волуминозниот глас на Новакова често го преклопуваше суптилниот тенор. Единствено баритонот Нико Исаков, гостинот од Бугарија, беше најблизу до Микеле, иако и кај него недостигаше страста и енергијата на несреќниот лик кој на крајот станува гневен од прељубата на неговата жена, убивајќи го младиот Луиџи.

„Плаштот“ на Пучини едноставно кажано, е убава опера, со прекрасни арии, прекрасна музика, преполна со возбудливи музички делници и како што ќе каже еден биограф на делата на италијанскиот мајстор, „со филмски пејзажи, каде топлото и ладното стануваат едно“. Се надеваме дека во иднина Македонската опера ќе се погрижи да ни ја презентира „Плаштот“, како и останатите две опери од Триптихот на Пучини, во своето вистинско светло.

Утрински весник, 01.12.2008