ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава


Кон оперската едночинка „Плаштот“ од Џакомо Пучини, во режија на Цветан Стојановски и во продукција на МОБ

Поставувањето на Пучиниевата едночинка „Плаштот“ во Македонската опера и балет претставуваше ризичен потфат. Ова веристички интензивно драмско дело за само 45 минути ве води низ човечките судбини завршувајќи со смртта под „плаштот“. Во толку сублимирано дејство набиено со впечатлив асоцијативен музички материјал, проследувањето на човековата драма би требало да биде се освен здодевно, монотоно. За жал, впечатокот на монотонија беше одраз на премиерата на „Плаштот“, која ја постави на сцената, како режисер, првенецот на Македонската опера, тенорот Цветан Стојановски.
Либретото на Адами го прикажува животот на обичните луѓе во Париз покрај пристаништата на Сена, со скромните желби, тајните надежи, горчината, моментите на одмор каде што чашката алкохол може да го подигне духот. Таканаречениот центар на дејството е забранетата љубов помеѓу Луиџи и Џорџета, која завршува со трагичен крај, убиство на младиот Луиџи од депримираниот сопруг Микеле. Фабулата е вообличена преку контрастните музички партии на солистите, кои треба да прикажат не само моменти на искрена љубов, едноставни мечти, туку и патос, омраза, резигнација, љубомора.
Под диригентската палка на Саша Николовски-Ѓумар, на саботната премиера настапија: Павлина Новакова-Георгиев (Џорџета), Нико Исаков од Бугарија (Микеле), Ѓорги Цуцковски (Луиџи), Бранислав Поп Георгиевски (Талпа), Марика Поповиќ (Фругола), Дејан Стоев (Тинка), Дејан Прошев, Катерина Стојановска и други. Асоцијативните елементи препознатливи за сценографиите на Зоран Николовски овој пат поставија фиксна сцена од бродска палуба на брегот на Сена, ограничена со скалилата преку кои се потенцираа светлите дејства, додека Марија Пупучевска ја направи костимографијата со едноставен пристап поддржувајќи го историското лоцирање на операта. Во режиската постановка на Цветановски немаше ништо ново, невообичаено, инвентивно од досегашните постановки на оперите видени во МОБ. Целото дејство се одвиваше во средишниот дел од сцената. Она што требаше да се потенцира во вака набиеното музичко-сценско дело беше музичката интерпретација за да се раздвижи режиската постановка. Павлина Новакова-Георгиев ја видовме во нејзиното стандардно светло, сега со малку поизразено вибрато, но со истите силни потенцирања во вокалната изведба во драмските моменти и недостигот од суптилност во приказот на љубовта и на патосот. Нико Исаков е веќе докажан пејач, кој во ликот на Микеле го претстави и страдањето и омразата. Беа впечатливи настапите на Марика Поповиќ и Бранислав Поп Георгиевски во ликовите на старата двојка претставувајќи ги мечтите со квалитетен вокален настап. Тенорот Горѓи Цуцковски во ролјата на Луиџи се потруди да го одигра вљубениот млад човек, но неговата изведба изгледаше многу повеќе стамено и круто од она што се очекува. Во една особено мрачна и траурна постановка, на "Плаштот" и недостигаше многу повеќе енергичност, хармонија во изведбата на вокалните, хорските, оркестарските делови, актерска игра и обмисленост со цел да се потенцира не само траурноста туку и позитивните елементи.

Вест, 01.12.2008