ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава


Кон операта „Кармен“ од Жорж Бизе, диригент Доријан Вилсон, Германија, изведба на Македонската опера и балет

Фатална, провокативна, реалистична, експлозивна, бескрупулозна - сето тоа е Бизеовата „Кармен“, која во петокот навечер беше изведена како обнова во сублимирана варијанта без одредени речитативи на сцената на Македонската опера и балет. За да се постигнат сите контрастирачки ликови во градењето на Бизеовото дело, неопходна е не само вокална туку и исклучително ангажирана сценска игра која ќе ве стимулира да ја перцепирате операта онака како што навистина е - музичко сценско дело. Петочната „Кармен“ избликуваше со варијабилни поимања на ликовите од солистите, од кои дел ја доживеаја и интерпретираа операта како концертна адаптација. Глобалната слика е дека добивме една просечна, но компактна и енергична претстава, во која не се издвоија главните ликови по својот израз туку се појавија нови имиња кои можат да ја збогатат македонската оперска сцена.
Во веќе установената впечатлива режија на Кузман Попов од Бугарија, сценографија на Живојин Трајановиќ, костимографија на Марија Пупучевска, под диригентската палка на маестро Доријан Вилсон од Германија, настапи интернационална екипа, составена од гости од странство и млада екипа на пејачи од МОБ.
Главниот лик Циганката Кармен ја толкуваше францускиот мецосопран со грчко потекло Софи Понџиклис. Иако вокално многу поиздржано и постабилно од нашите доскорашни поставки на истоименото дело, сценски на Понџиклис и недостигаше поизразен сегмент на актерска игра, со која ќе ја прикаже женственоста, атрактивноста. Партнерот на Кармен Хуан Лиу од Јужна Кореја беше просечен Дон Хозе, недоволно сигурен во музичкиот сегмент и премногу крут, освен во последниот чин во сценската игра. Дебитант на сцена беше Кристина Палија, на која и беше доверен ликот на Микаела. За прва појава, иако со очигледна доза на трема, солидно ја оствари ролјата и лирскиот карактер на Микаела.
Сигурност и слобода во интерпретацијата имаше харизматичниот Романец Јонус Паску, познат на нашата публика од гостувањата во „Мадам Батерфлај“. Очигледно беше неговото соживување со карактерот на ликот на Ескамило и доминацијата на сцена.
Посебна вредност на претставата и дадоа особено впечатливите реализации на Гордана Коларова - Кекеновска како Фраскита и на Олгица Милевска како Мерцедес. Овие две млади дами настапија со многу поголема слобода, сигурност и впечатлива изведба од нивните постари колеги. И обете прикажаа стабилна импостација на вокалите, вообличен тон и фразеологија и карактерно обликување на ликовите. Останатите учесници Драган Ампов (Данкаиро), Дејан Стоев (Ремендадо), Бранислав Поп Георгиев (Цунига) коректно ги интерпретираа своите ролји.
Во комплетното градење на делото активно учество имаше и оркестарот на МОБ, кој секогаш под диригентската палка на маестро Вилсон има ефектни и коректни интерпретации, како и хорскиот ансамбл кој е посигурен само доколку не се јавуваат дијалози помеѓу хорските групи.

Вест, 03.11.2008