ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави


Во соработка со австриската амбасада, Македонската опера во саботата ја изведе премиерата на операта „Џуџето“ од австрискиот композитор Александар фон Землински. Во едночинката, која се базира на делото „Роденденот на девојчето“ од Оскар Вајлд, а на либрето на Георг Ц. Кларен, се претстави суровоста на луѓето кон индивидуите со несовршен физички изглед. Одвивањето на драмата режисерот Михаел Штурм (Германија) одлучил да ја реализира играјќи помеѓу реалноста и фикцијата. Така, по негов избор, операта започна со „Ајрон Мејдн“ и видеопроекции на Втората светска војна, додека во центарот на сценското дејство се прикажуваше љубовна игра на млад пар. Почетокот на делото го најави и крајот.
За првпат на сцената на Операта заживеа современа сценска поставка на Марија Ветероска, која беше делумно апстрактна и асоцијативна, но доволно ефектна. И костимографијата на Невенка Тасева - Петровиќ се движеше во таа насока. Режисерската поставка на Штурм, која се лоцираше во центарот на сцената, донесе како динамични така и статични моменти, ништо ново, невообичено, како што беше најавувано. Она што се потенцираше во најавата на делото - еротиката, сексот, нестандардноста, беа само мали непотребни еротски сцени. Поради поставеноста на сцената и актерската игра во центарот, за жал, најмалку од се можеа вокално да дојдат до израз пејачите кои, заедно со Оркестарот и женскиот хор, настапија под диригентската палка на Германецот Пол Вајголд. Солистичките ролји им припаднаа на Паулина Абер Фачини од Австрија (Дона Клара), Ѓорги Цуцковски (Џуџето), Сандра Митровска (Гита), Горан Начевски (Дон Естебан), Ана Ројдева - Талевска, Александра Лазаровска и Марика Поповиќ. Сопранот на Фачини, иако вокално најдоминантна, не успеа карактерно да го изгради ликот, додека, пак, на Цуцковски, покрај очигледната желба, му недостигаат искуство, зрелост и моќен вокал. Единствено Сандра Митровска звучеше карактерно најблиску до ликот. Поставувањето на пејачите во централниот дел на сцената, кој е апсолутно неакустичен, ја падна во вода целата современост на операта, која можеше да биде полн погодок доколку имавме шанса да ги чуеме солистите. На ваков начин доминираше подготвениот оркестарски ансамбл, а солистите одвреме-навреме успеваа да дојдат во израз, исклучително во партиите со форте динамика.

Вест, 18.12.2007