ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Вест: Незрела и аматерска обнова


Отворањето на новата сезона Македонската опера и балет го најави со обновената осовременета поставка на Пучиниевата „Боеми“, во режија и сценографија на Стојан Стојанов - Ганчев од Бугарија. Единствената современост беше младиот солистички тим кој, со исклучок на Весна Ѓиновска - Илкова, се најде во едно невпечатливо режисерско и сценско реализирање на Пучиниевата опера. Најавата дека делото ќе биде лоцирано во современието, ни оддалеку не можеше да се уочи од сценскиот декор, а камоли од костимографијата која одаваше невкусна, нејасна временска локација. Со секој респект за можноста на младите пејачи да им се даде шанса да се испробаат во креирањето на главните ликови во операта, но изборот на делото во кое тие ќе дебитираат треба да одговара на нивните способности. Вака, обновената „Боеми“ потсетуваше на несигурно, незрело и на моменти аматерско пливање во презентација на интимната драма кон што придонесе и хорот на МОБ.
Ролјите на боемите ги толкуваа: Ѓорѓи Цуцковски (Родолфо), Горан Начевски (Марчело), Ристе Велков (Шонар) и Дејан Славов (Колин) гостин од Бугарија.
Најголемата тежина овој пат падна на Ѓорѓи Цуцковски, не само во однос на носење на една од главните ролји, која изискува вокално мајсторство, карактерна обоеност, туку и во однос на неблагодарниот момент - негова партнерка да биде реномираната примадона Весна Ѓиновска - Илкова. И покрај солидната интерпретација, сепак на Цуцковски му недостига зрелост и искуство. За разлика од него, Ѓиновска, која веќе настапувала во ролјата на Мими, сигурно и лесно ја изведе улогата. Овој пат премногу вокално доминираше на сцена, со што резултираше со нејзе да не се вклопат другите солисти.
Највпечатливи и најпрофесионални од младата фела беа баритонот Горан Начевски и сопранот Катерина Митева (Музета). Начевски постепено се оформува како пејач кој сигурно и карактерно ги гради ролјите, неговата вокална интерпретација плени со посветеност и вообличеност со изведбата. Митева изненади со сигурниот вокален настап, како и верното карактерно креирање на ликот. Покрај овие двајца пејачи, еден од најпозитивните елементи во „Боеми“ беше невообичаено професионалниот и компактен звук на Оркестарот на Операта, под диригентската палка на маестро Јосип Шего (Хрватска).

Вест, 09.10.2007