ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

М.Г.: „...Старата дама“ на германски

За вкрстените животни патишта пресудија парите

МЕРАКОТ МУ СЕ ИСПОЛНИ НА АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР ВО НАШАТА ЗЕМЈА, ФИЛИП ХОЈОС, ПО ЧИЕ БАРАЊЕ СОВРЕМЕНАТА ОПЕРСКА ПРЕТСТАВА СЕ НАЈДЕ НА РЕПЕРТОАРОТ НА МОБ

Долгиот аплауз на публиката во преполната сала на МНТ ја даде оценката за премиерната изведба на оперската претстава „Постетата од старата дама“. Интересната тематика, судбината на Старата дама која ултимативно бара смрт за нејзиниот поранешен љубовник, од чин во чин го пленеше вниманието се до самиот крај, а учесниците ја потврдија макотрпната подготовка на ова тешко, современо, оперско дело на германски јазик. Уште еднаш се докажа дека парите ја имаат сета моќ, односно дека Старата дама Клер, која парите ги стекнала од претходните 7 мажи, со една милјарда ја откупува својата правда. Таа во младоста останала бремена од Алфред ИЛ, кој на суд го негирал татковството, поткупувајќи двајца сведоци. Со својата донација за градот, кој ќе се извлече од кризата во која западнал, Клер Цаханисан успева да ја надмине неправдата што и е нанесена во младоста, кога по една година од раѓањето на девојчето, тоа починало. По долгата неизвесност кај граѓаните на малото гратче Гилен, парите стануваат попривлечни од моралниот чин за смртната казна на нивниот сограѓанин, па советниците го убиваат, а лекарот објавува дека тој умрел од инфаркт.  Австриската режисерка Надја Кајали, диригентот Јосип Шего од Хрватска, македонската солистка Анастасија Каптелова, која ја толкуваше улогата на Старата дама, хрватскиот баритон Томислав Бекиќ (ИЛ), директорката на МОБ, Славица Петровиќ-Галиќ, како и 30-мината солисти по изведбата го изразија нескриеното задоволство од успешниот настап. Меракот му се исполни и на австрискиот амбасадор во нашата земја Филип Хојос, по чие барање Македонската Опера и Балет „Посетата од старата дама“ го стави на репертоарот, а по репризата во петок, планирани се и неколку гостувања во странство.

Вечер, 02.12.2004