ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Елени Новаковска: Риголето - МОБ

На сцената на МОБ Вердиевата опера „Риголето“ имаше премиера во обновена верзија во режија на гостинката од Бугарија Нина Најденова, сценографија на Живојин Трајановиќ, костимографија на Марија Пупучевска,а под диригентската палка на Карло Палески од Италија, настапија хорот, оркестарот и балетот на МОБ со интернационална екипа на солисти и тоа: Нико Исаков - Бугарија(Риголето), Ана Дурловски (Џилда), Серџо Панајиа - Италија(војводата од Мантова), Игор Дурловски (Спарафучиле), Невен Силјановски (Монтероне), Ирена Кавкалеска (Мадалена).
Дали претставата беше успешна или не?Со оглед на аплаузите на нашата публика , да. Но, со оглед на тоа што нашата публика ги наградува уметниците и кога тие пеат фалш...прашањето останува отворено. Во секој случај во една нова режисерска поставка во која е доволно потенцирано дејствието, костимографијата која го одразува времето во кое е лоцирано Игоовото дело - ренесансата, адекватната сценографија и вокална интерпретација, во петокот на сцената на МОБ се случуваше селективна презентација на синкретичната музичка форма во која недостасуваше минимална доза на единство за да доживееме комплетна приказна во која одраз ке биде квалитетот.
Во оформувањето на делото како што налага и либретото се издвоија двете носечки ролји, Риголето преку долгогодишниот гостин на нашата сцена баритонот Нико Исаков и нашата млада певица Ана Дурловски како Џилда. Исаков во секоја појава на сцената на МОБ доминира со сигурна вокална интерпретација, изразен артизам, способност за доловување на различните расположенија. Во оваа ролја ги оформуваше модифицирачките партии кои го симболиризираа дворскиот шут во неговата суровост, болка, љубов, очај, патос. Неговиот контраст беше олицетворен во искрената, наивна, кршлива ќерка Џилда. Ана Дурловски и вокално и сценски се издигна преку богатите колоратурни арии во сите три чина, технички издржани и јасни во сите регистри, динамички и карактерно обоени преку делниците во кои ја воспеваше искрената љубов и пожртуваноста. За разлика од нив двајца Серџо Панајиа (Војводата) делуваше нерафинирано, форсирано, со константни проблеми во изведбата на нотниот текст, пеач кој вокално не остави впечаток, освен со своето изнасилено форте.Доловување на ликовите остварија Игор Дурловски и Ирена Кафкалеска, како и епизодистите Десанка Поп Георгивеска (Паж), Катерина Стојановска (Грофица Чепрано), Бранислав Поп Георгиевски (гроф Чепрано), Дејан Стоев (Борса).Разочарувачки беше настапот на Невен Силјановски кој вокално се изгуби особено при првата појава во ролјата на Монтероне.
Под диригентската палка на Карло Палески, нашиот оркестар успеа да биде основа за солистите, иако особено во првиот чин се случуваа неусогласувања со темпата. Проследувањето на моменти со пантомима на оперските солисти, заради доминација на звукот на оркестарот беа застапени и овој пат, но во помала мерка. Она што е недозволиво се нестабилните настапи на инструменталистите во така наречените дуети со вокалните солисти, со што во најистакнатите арии, особено оние лирските или пак траурните се нарушува не само естетиката туку и атмосферата на моментот. За поздрав е настапот на машкиот хор кој овој пат сериозно си ја сватил својата улога.
Финалниот производ на обновениот „Риголето“ беше претстава во која доминираа позитивните моменти, сепак со само малку повеќе взаемнодејствие на сите чинители на музичкиот дел би можеле да уживаме во една вистинска целина која МОБ може да ја реализира.

Вест, 17.04.2007