ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“

Приказната за Риголето, дворскиот шут со специфичен човечки лик, абнормален во душата и во телото, по седумгодишна пауза повторно се врати на македонската сцена. И доживеа успех. Наспроти евтината мелодраматика како главна црта во повеќето оперски дела на италијанските композитори, „Риголето“ на музичкиот мајстор Џузепе Верди е драма на човечкиот живот, таа јасно и силно емотивно ги прикажува скриените негативни карактеристики кај луѓето кои ги потиснуваат љубовта, слободата, радоста… Затоа, нејзината несекојдневна содржина, што се однесува до оперската литература, но типична за реалниот живот, се доживува поинаку - поблиску, поемотивно. Токму така ова ремек-дело на Верди го почувствува и многубројната публика присутна во салонот на Македонската опера и балет во петокот вечерта. Изведбата на обновената премиера на „Риголето“, во која учествуваше меѓународна уметничка екипа, беше поздравена со овации.

Напишана според драмата на Виктор Иго „Кралот се забавува“, „Риголето“ како опера е раскажана со возбудлив музички јазик и нејзиниот успех наназад низ историјата не се должи само на либретото, на трагичната судбина на насловниот лик, туку уште повеЌе на прекрасните арии, на воопшто, убавата мелодиска структура. А, успехот на „Риголето“ на македонската сцена произлезе токму од емотивниот пристап и уметничкиот сензибилитет на оние кои ја креираа петочната изведба на оваа голема опера: оркестарот и хорот на МОБ, режисерката Нина Најденова и баритонот Нико Исаков (Риголето) од Бугарија, диригентот Карло Палески и тенорот Серџо Панаија (Војводата) од Италија, како и македонските уметници, сопранот Ана Дурловска (Џилда), басот Игор Дурловски (Спарафучиле), костимографката Марија Пупучевска, сценографот Живоин Трајановиќ...

Очигледно беше долгогодишното оперско искуство на диригентот Карло Палески кој умешно ги вкрсти сите интерпретациски елементи давајќи и силен акцент на драматуршката нота. Оркестарот, ако не ја земеме в предвид увертирата која доживеа бледа и несигурна изведба, понатаму во оперското течение остваруваше извонредни интерпретациски мигови. Можеби прецизниот Палески не експериментираше многу во разновидноста на темпото, но затоа пак, неговата интензивност која будно ја следеа сите кои се најдоа на сцената, даде позитивен ефект. И покрај грдотијата насликана преку главниот лик во ова дело, Риголето сепак се смета за еден од најхуманите ликови во оперите на Верди - тој е несреќен татко чија неизмерна љубов кон својата ќерка ја претвора во слепа одмазда. Баритонот Нико Исаков, чест гостин на нашата сцена, креираше одлично остварување на трагичната судбина на дворскиот шут. Неговата вокална зрелост, широкиот дијапазон на моќниот глас од кој извираше неопходната драмска изразност, како и актерските способности, беа елементите со кои Исаков на оваа улога и даде своевидна полетност и леснотија, и покрај нејзината исклучителна комплексност. Тој јасно го наслика психолошкиот карактер на ликот што можеби беше и неговиот најсилен адут за успехот во толкувањето на Риголето. Фасцинираше Џилда, неговата убава и невина ќерка чиј лик го толкуваше нашата извонредна певица Ана Дурловска. Впрочем, таа беше и најсјајното светло во оваа опера. Глас кој побуди силни емоции и предизивикуваше овации кај публиката дури и во текот на претставата. И покрај нејзините минати мошне успешни креации на неколку главни ролји прикажани на нашата сцена, Дурловска овој пат оствари врвна улога не само пејачки, туку и актерски, визуелно. Нејзината вокална топлина, наспроти тоа и кристалност, емотивното обликување на ариите, во своите партии, но и во дуетите, нејзината харизматичност, не ја остави публиката рамнодушна. Таа уживаше, всушност, во целата магична појавност на Ана Дурловска. Војводата го играше Серџо Панаија кој, иако со доза на несигурност во првиот чин, понатаму даде сосема издржани изведувачки делници кои кореспондираа со оние на Џилда. Игор Дурловски, пак, или платениот убиец Спарафучиле, повторно, како и многупати досега, беше мошне темелен во обликувањето на својот лик. Вокалната атрактивност, раскошниот дијапазон, одличната дикција, беа спецификите со кои и сега Дурловски пленеше. Меѓу останатите улоги во „Риголето“ се истакна мецосопранот Ирена Кавкалевска, а она што посебно изненади, беше подготвеноста на машкиот хорски ансамбл. Неговата сензибилност и динамичката изнијансираност ја обојуваа целокупната звучна слика во топли, пастелни бои.

„Риголето“ доживеа успех и заради нејзиниот визуелен аспект, но и поради импресивната и динамична режиска поставеност од страна на младата Нина Најденова. Успешниот спој на играта меѓу солистите, хорот, балетските играчи со нивната интересна кореографија, статистите…, и даде на претставата ефикасно течение. За естетиката, онаква каква што треба да ја поседува оваа опера, беа заслужни сценографијата на Живоин Трајановиќ и особено раскошните костими на Марија Пупучевска кои стилски и се доближуваат на епохата на романтизмот.

Утрински весник, 16.06.2007