ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата

На македонската културна сцена, изведбите на мултимедијални проекти што во себе вклучуваат различни уметнички елементи на изразување се навистина ретки . Затоа изведбата на мултимедијалната претстава „Дороти, дисконцерт за Оз“, во продукција на Македонската опера и балет, на театарската група „Фани и Александар“ од Италија и во копродукција на фестивалот „Кампнагел“ од Германија, беше вистинско освежување за скопскиот културен живот. Соработката меѓу уметниците што настапија од Македонија и од Италија, беше компатибилна. На бочната сцена во МОБ, во една неконвенционална атмосфера беше надмината класичната поделба помеѓу публиката и изведувачите, со што се овозможи уникатно естетско доживување. Сложената содржина конципирана од Луиџи де Анџелис и Кјара Лагани, а инспирирана од делата на Ф.Л.Баум и Т. Ландолфи, е всушност главниот стожер на проектот. На сцената настапуваа наизменично, заедно и одвоено, актери и музичари, солисти, а тие беа дискретно придружувани од камерниот оркестар на МОБ (диригент Бисера Чадловска).

Приказната за Дороти, волшебникот од Оз, нејзините пријатели е јадрото околу кое се преплетуваат и нижат останатите приказни што говорат за суштинските човекови потреби за значењето на љубовта, пријателствата, но и за болката, омразата, паранојата во современиот свет и барањето на светол, позитивен излез. Користењето на симболите на боите, црвените чевли и слично, исто така, го надополнуваа уметничкото доживување на содржината. На сцената имаше девет женски ликови и еден машки лик наречен Тој, што всушност ја претставуваше диктатурата и нејзините последици. Со него почна се, контролираше, а и се финализира целата претстава со што едноставно може да се каже дека целокупното патување заврши брутално и афектно. Трите главни женски ликови преоѓаа и се претопуваа од улогите на вештерките од Југ, Запад и Север во улогите на Гуру, жената П и Лукреција, а беа енергично, емотивно одиграни од Кјара Лагани, Франческа Маца и Фиоренца Мени. Музичкото толкување на овие ликови беше надополнето со солистички настапи на три сопрани, пијано, виолина и обоа: Милена Арсовска, Александра Лазаровска, Десанка Поп Георгиевска, Јанинка Невчева, Андријана Јаневска и Надица Ристиќ. Преовладуваа паралелни настапи на глума и музика (дополнети со игра на светлото), кои иако звучеа јако, разорно, дисонантно и прикажуваа разни приказни, беа истовремено компактни и дадоа една конзистентна целина и концептуална сериозност. Од неколкуте солистички настапи се издвои заедничкиот солистички настап на пијанистката Невчева и на ликот на жената П, кој го толкуваше Лагани. Мистичната музика на Скрјабин одлично одговараше во исполнувањето на визијата на авторите. Интензивниот тек на претставата беше намален со неколку смирени, нежни вокални изведби од творештвото на Белини, Пучини, Делиб.

Кругот завршува неочекувано, сите ликови се преобразуваат и претопуваат во Дороти, наивноста, вербата во пријателствата, љубовта исчезнуваат, остануваат изневерувањето и индивидуалното согледување на спектарот на реалноста во светот исполнета со манипулативност на глобализацијата и отсуство на фундаментална човечка слобода.

Дневник, 26.02.2007