ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба

Поминаа речиси четири децении од револуционерната партија шах што ја одиграа Марсел Дишан и Џон Кејџ. Речиси исто толку и од „Писоарот“ – првото концептуално дело, и едно од најпознатите на францускиот дадаист Марсел Дишан. Пола век, помина и од првата изведба на „4.33“, историската композиција со отворено „траење“ на Џон Кејџ.

И по толку време, концептуалната уметност се уште знае да позитивно да поттикне и да го окупира вашето внимание доколку во себе носи човечка алхемија и интензивен индивидуален став. Значи – да не биде здодевна, да носи субверзивна порака и да ве изненади. Факторот изненадување, во овој случај се чини најважен.

Токму таа енергија во себе ја нови новиот проект на Операта“, мултимедијалниот перформанс „Дороти –Дисконцерт за Оз“, работен по концептот на Луиџи Ди Анџелис и Кјара Лагани од италијанската театарска трупа „Фани и Александер“.

Претставата е замислена како хроматско интерактивно патување. Публиката и протагонистите во „Дороти“ се заедно на сцена. Седат на душеци, на бочната сцена на МОБ, во замислената сценска „скривница“. И чекаат да ги одмине ураганот „Дороти“. Во меѓувреме ликовите од претставата се трансформираат во Дороти“, девојчето од „Волшебникот од Оз“ - идејната опсесија на овој интерактивен музичко-сценски перформанс.

Со различна илуминација преку која е одвоена повеќеслојната сценска приказна инспирирана од драматуршката „демилитаризација на јазикот“ на која се повикуваше Џон Кејџ, режисерот Луиџи Ди Анџелис го гради својот идејно набиен концепт, кој тешко може да се следи и разбере како целина. Тој повеќе функционира како состојба, во која неочекувано сте се затекнале, и не знаете што понатаму. Оставате светлото, музиката, играта, да ве донесат до крајот.

Сопраните Милена Аровска, Александра Лазаровска, Десанка Поп Геогиевска, италијанските актерки Кјара Лагани, Франческа Маца и Фјоренца Мени, виолинистката Андријана Јаневска, пијанистката Јанинка Невчева и обоистката Надица Ристиќ – тие се главните протагонисти во „Дороти“. Тие се Дороти, девојчето кое го бара волшебникот од Оз. Само тој може да (ги) ја врати дома. Марко Квалколи е единствениот маж во овој музички перформанс – неговиот лик е инспириран од уметничкото дело од Каталан на кое е прикажан Хитлер како мало дете. Тој е Волшебникот од Оз.

И наратор во „Дороти“.

Новиот проект на Операта е возбудлива неконвенционална интерактивна претстава. Доколку не ви пречи да седите на душек два часа и сакате претстава во кои се зборува на „јазикот на боите“ тогаш одете во МОБ и погледнете ја „Дороти“. Нема да ви биде здодевно.

Време, 20.02.2007