ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна

Даниела Стојановиќ
Нешто навистина необично за нашата сцена и за публиката која навикнала да ги слуша Верди, Росини, Пучини и останатите од бел-канто оперскиот репертоар, за кои и Моцарт или "недајбоже" Вагнер се раритет. Затоа поставувањето на камерната опера на, веројатно најславниот современ британски компиозитор Бенџамин Бритн "Свртување на шрафот", е навистина посебен и редок предизвик на кој сосема младата екипа на Македонската опера одговори исклучително дуспешно на завчерашната премиера. Не претставата и претходеше кус говор на новиот директор на Британскиот совет во Македонија Френк Фицпатрик и на британскиот амбасадор Роберт Чатертон Диксон. Повод беше десетгодишнината на Бритиш кансл во Македонија, за што тие и се јавија како копродуценти на овој проект на Операта.
Предлошката во "Свртување на шрафот" е новелата на Хенри Џејмс во која приказната од викторијанска Англија, се врти околу една гувернанта и две деца во куќата каде се јавуваат духови. Извонредната режија на гостинот од Англија Ли Блејкли, со костимографијата и пред се траорната сценографија на Адријан Линфорд, каде светолото на дизајнерката Џени Кеј "играше" своја претстава и создаваше повеќе амбиенти, креираа приказна на стравот и ужасот, де факто.
Но, она на што особено ќе се сеќава премиерната публика која го исполни салонот на театарот, сепак не до последното место, беше одличниот камерен состав на оркестарот предводен од енергичната диригентка Бисера Чадловска и младите солисти: Катерина Стојановска, Анастасија Капталова, Елена Настевска, Сандра Митровска, Ѓорги Цуцковски, Милена Арсовска и Дејан Тошев. Беа одлични како во драмското толкување на ликовите така и од пејачката, техничка страна во изведбата на оваа инаку мошне тешка оперска партитура. На нашата оперска сцена вакви проекти, не само заради освежување и новитет, туку и заради едукација и привлекување на публиката, и се повеќе од потребни.

Вест, 23.10.2006