ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Радмила Пешева: Маглив приказ на злото

(Кон операта „Свртување на шрафот“ од Бенџамин Бритн)

Македонската опера минатата сабота ја отвори сезоната со премиерната изведба на камерната опера „Свртување на шрафот“ од Бенџамин Бритн, која ја подготви во копродукција со Британскиот совет од Скопје. Изведбата на операта „Свртување на шрафот“ можеби не задоволува во целост, но нејзиното поставување на сцената на МОБ е музичко и програмско освежување, кое одамна недостасуваше.

Операта „Свртување на шрафот“ е работена според истоимениот роман на Хенри Џејмс, со дејствие лоцирано во средината на 19. век во околината на Блај во Англија, каде безимена млада гувернанта се нафаќа да се грижи за Мајлс и Флора, две дечиња без родители, откако претходно се согласила со единственото правило кое и' го поставил нивниот старател, да не го оптоварува со проблемите околу воспитувањето на децата и сама да донесува одлуки. Набргу гувернантата ќе се сретне со сеприсутното зло отелотворено во двата зли духа на починатите, батлерот Питер Квинт и поранешната гувернанта госпоѓица Џесл. Во понатамошниот развој на приказната духовите се' повеќе го стегнуваат обрачот околу децата, додека гувернантата, борејќи се да ги спаси, ги губи. Ова е накратко фабулата која само навидум остава впечаток на наивна мрачна приказна за духови. Таа е полна со двосмислености и енигми зад кои се крие сексуална педофилска импликација. Либретистот Пајпер, со помош на Бритн, во либретото отишле чекор подалеку појасно насочувајќи ја дилемата на гледачот кон сексуалната импликација на романот и се погрижиле невешто да го сокријат сексуалниот педофилски поттекст; пред се' со вметнување на латински текст кој напати низ операта Мајлс го повторува, а чие двојно значење се однесува на „безобразни“ именки кои јасно упатуваат на сексуалната корумпираност на момчето. Понатаму, приказната во операта на Бритн се „одмотува“ низ очите на гувернантата, која постепено ја насетува злоупотребата врз децата. Нејзиното ужаснување оправдано се зголемува не поради тоа што децата се прогонувани од духови, туку поради помислата за злоделата што Квинт ги правел додека бил жив.

Питер Квинт на сцената се појавува како пејач, ништо помалку реален од кој било друг лик во операта, а неговиот извик упатен кон Мајлс: „Ти ми припаѓаш мене“ во моментот кога малиот Мајлс умира, и очајничкиот крик на Мајлс „Питер Квинт, ти ѓаволу!“ непосредно пред да умре, конечно, не' ослободува од двосмисленоста. Со тоа Бритн ја вади на површина идејата дека возрасен маж заведува мало момче и дава можност оправдано да се постави застрашувачка и силна сценска продукција на делото.

Но, замислата на режисерот Ли Блејкли остава простор гледачите кои на кој било начин ја познаваат приказната, дали преку романот на Хенри Џејмс, неговата екранизација од 60-тите години или операта, самите да го толкуваат делото и субјективно да ги препознаваат наговестените зла, но самиот приказ на злото во претставата беше маглив и недоволно силен. Ова предизвика оние гледачи кои првпат се среќаваат со фабулата да не го доживеат вистинскиот контекст на делото. Не треба да се сфати дека пејачите не беа посветени на драмската игра туку дека режисерот не ја искористил доволно нивната посветеност. Режисерските решенија на моменти беа конфузни, текот на дејствието не беше секогаш јасен, најмногу поради безвременската атмосфера и недефинираниот простор.

Сценографијата на Адријан Линфорд беше премногу статична, во сегменти навистина морничава, но не и служеше на приказната во целост. Во таа насока може да се зборува и за светлото, кое се очекуваше да биде клучен визуелен фактор на сцената. Но, освен повремената игра со сенки, светлото не го следеше дејствието и не сугерираше ништо.

Бритн со ова дело дава моќно музичко оружје во рацете на изведувачите, тој успева преку музиката величествено да го портретира „верниот“ однос меѓу ликовите. Тој ја варира главната музичка тема на својата опера постепено кулминирајќи ја драмата на дејствието и создавајќи длабока психолошка студија на мрачната приказна. Оркестарот воден од диригентката Бисера Чадловска на моменти многу добро ја постигнуваше тензијата на сценското дејствие иако драстично осцилираше во квалитетот на изведбата на партитурата. Многу делови беа јасно концептуално музички изведени, додека во други моменти целосно се растураше оркестарската целина. Дел од солажите во оркестарот беа интонативно несигурни и слабо изведени, а дел навистина брилијантни.

Операта „Свртување на шрафот“ е изведувачки комплексно дело од сите аспекти. Бенџамин Бритн и покрај тоа што е претставник на модерниот оперски израз во своето дело ги негува вистинските пејачки вредности и на пејачите им овозможува да бидат во прв план не само драмски туку и музички.

Бритн напишал убави фрази со динамична агогика, наспроти кратки мотиви јасно дефинирани со музички артикулациски знаци. Ваквата музичка фактура му овозможувана пејачот да ги покаже своите вокални вештини. Храбар беше обидот на младата пејачка екипа да се справи со ваквиот предизвик, иако во поголем дел тоа и остана само обид. Младите пејачи покажаа студиозен пристап кон драмското портретирање на ликовите, но не и кон техничките барања на делниците. Останавме со впечаток дека оваа опера е преголем залак за нив.

Утрински весник, 26.10.2006