ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ

По подолг период македонската музичка сцена конечно доживеа изведба на музичко дело што според содржината и квалитетот на изведбата беше доволен предизвик да ја исполни салата на Македонската опера и балет до последно место. Фантастичната изведба на „Волшебната флејта“ од Волфганг Амадеус Моцарт беше добредојдена за „гладната“ публика, на која и се смачи од гледање просечни или, пак, недоволно актуелни музички проекти.

Концертот беше одлично изработен во секој аспект. Квалитетно осмислената костимографија, одличната сценографија и добрата режија само го надополнија општиот впечаток што беше повеќе од позитивен, благодарејќи на несекојдневно добрата изведба на сите солисти, како и на оркестарот, кој под строгото водство на диригентот Цанев звучеше како ретко досега. Накратко, претставата беше речиси беспрекорна.

На концертот настапија навистина голем број изведувачи. Солисти беа Игор Дурловски - Зарастро, Стефан Илчев (Бугарија) - Тамино, Ана Дурловска - Кралица на ноќта, Александра Лазаровска - Памина, Јонуц Паску (Романија) - Папагено, Катерина Стојановска - Папагена, Владимир Сазовски и многу други. Режисер на оперската претстава беше Ангела Цабрса од Австрија, додека за костимографијата и за сценографијата беше задолжена Ана Катарина Штробл, исто така од Австрија.

МОБ понуди сосема нов музичко-сценски поглед врз делото. Богатата костимографија и впечатливата сцена, односно сценографијата личеа на оние од светските музички театри. Внимателно одбраната солистичка екипа, но и сигурноста на хорот и на оркестарот беа за секоја почит. Масивниот глас и специфичната боја на Игор Дурловски (Зарастро) го направија предводник на групата успешни солисти. Гостинот од Бугарија, Стефан Илчев, можеби беше повремено недоволно убедлив во сценската појава, но тоа како да не беше толку важен сегмент за крајниот впечаток. Јасните тонови што доаѓаа од Ана Дурловска личеа на студиска снимка, а не на нумера изведена во живо. Со својата неверојатна изведба ја остави публиката без здив. Се на се, со изведба на „Волшебната флејта“ МОБ уште еднаш покажа дека и нашата опера и балет можат да прикажат извонредно висок квалитет и музички спектакл.

Дневник, 27.02.2006