ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата

(Кон премиерата на операта „ВОЛШЕБНАТА ФЛЕЈТА“ од В.А. Моцарт на сцената ма МОБ)

Македонската опера со премиерата на операта „Волшебната флејта“ се приклучи кон одбележувањето на 250-годишнината од раѓањето на музичкиот гениј В.А.Моцарт. Прв пат оваа опера во Македонија била поставена во 1951 година. Минатонеделнато прикажување (во нов век) на „Волшебната флејта“ е всушност второ поставување на оваа опера во Македонија.
Либретото говори за искушенијата низ кои поминуваат принцот Тамино и птичарот Папагено за да ја ослободат Памина. Така операта „Волшебната флејта“ е сублимат на фантастичното, невидливото, реалното, борбата на Темнината и Светлината.
Проследивме приказ на успешна музичко-сценска реализација. Најнапред тоа е диригентот Борјан Цанев, кој со својата музичка култура, вкус и посебен афинитет кон Моцартовите опери оствари една целосна успешна реализација на „Волшебната флејта“. Под неговата палка дојдоа до израз можностите на Оркестарот, со посебно изработените фрази, динамика и тонска изразност толку специфична за Моцартовата музика.
Најпечатлива беше изведбата на Ана Дурловски како Кралицата на Ноќта, улога со мошне деликатни колоратурни арии. Со брилијантно интонативната прецизност, чистина, јасност, извонредна техника и импостација, издефинираност на фразата и измерен вокален интензитет, Ана Дурловски оствари високоестетска реализирана улога.
Улогата на Зарастро, Игор Дурловски ја одигра мошне солидно, зрело и со очигледна доловена мисловност во нејзината реализација.
Стефан Илчев (Бугарија) во улогата на принцот Тамино се претстави во рамките на своите музичко-сценски предиспозиции. Од сценски аспект тој беше соодветен физикус за ликот кој го толкуваше, но од вокален аспект недостасуваше соодветен звучен интензитет. Нешто подобар во вториот чин, слушателот не мораше да се напрегне за да го слушне.
И како Памина, Александра Лазаревска покажа напредок во работењето. Со оваа улога, од вокално-сценски аспект таа се наметна како солиден интерпретатор на кого можеме да сметаме во иднина.
Креацијата на Јонуц Пацку (Романија) како Папагено беше непосредна, спонтана, топла, сугестивна и посебно карактерна за ликот кој го толкуваше. Тој во улогата на Папагено даде едно успешно остварување.
Ана Ројдева, Сандра Митровска и Марика Поповиќ како Трите дами беа исклучително звуковно и интонациски одмерени и прецизни.
Видлива е улогата на хор-мајсторот Алгис Заборас со Хорот на Операта, посебно при истакнувањето на неговиот интонативен и звучен квалитет.
Костимографијата и сценографијата на Ана Катарина Штробл (Австрија) и светлото на Волфганг фон Цубек (Австрија) мајсторски се изведени преку употребата на современи и едноставни елементи и мошне впечатливото „делење“ на сцената како приказ на „секојдневното“ и „идното-вечното“. Освен програмноста, која во секој сегмент беше образложена, тие (сценографијата и светлото) самите по себе се високи уметнички остварувања.
Режисерката Ангела Цабрса (Австрија) се определила за асоцијативно претставување и еден универзален надграден приказ на делото и неговата порака за човековата преобразба и израснување. Сето ова е изработено и обмислено многу современо, многу софистицирано, со многу знаење и широки интелектуални видувања, како лекција во која секој поединец треба да се пронајде и константно да се развива.
Со остварените вокални и сценски креации „Волшебната флејта“ беше волшебна претстава, која ги надмина  рамките „во служба на делото“. Всушност ТАА беше самото дело.
Очекуваме и други вакви инвентивно успешни премиери на сцената на МНТ.

Вечер, 24.02.2006