ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика

(Кон премиерата на операта „Волшебната флејта“ од В.А.Моцарт на сцената на Македонската опера и балет)

Требаше да се дочека светската прослава на големиот музички великан на сите времиња Волфганг Амадеус Моцарт, 250 години од неговото раѓање, па дури, ниту повеќе, ниту помалку по цели 54 години повторно македонската опера да ја постави на сцената генијалната,  последна, оперска партитура на Моцарт, „Волшебната флејта“. Интересно, тогаш со сопствените комплетни  музички сили, а сега и покрај шестедецениското постоње и искуство тоа се случи како копродукциски проект на домашни и странски оперски сили, небаре чиниш дека Македонските оперски работници не знаат што е опера и што се бара оваа комплексна уметност. Само за потсетување - на Скопската оперска сцена, во изминатите години,  љубителите на оперската уметност и на музиката на големиот Моцарт, во неколку поставки,  уживале  во неговите опери: „Грабнување од сарајот“, „Свадбата на Фигаро“, „Така прават сите“, како и во музиката на неговиот „Реквием“, се разбира во еден друг вид на поставка која ја подразбира концертната. Оперската премиера на „Волшебната флејта" во основа значеше размена на искуства  меѓу Македонската оперска куќа, Националната опера и балет од Софија, под главно спонзорство на Музичкиот театар за Централна и Источна Европа-Виена, Австрија, а финансиски помогната од Министерството за култура  на Република Македонија. Ако комплетната сценска поставка ја изнесеоа гостите од Виена-режисерката Ангела Цабрса (која на прес конференциите имаше голема желба на македонските новинари да им држи предавања за  операта и за самиот Моцарт, небаре ние прв пат слушаме за него) сценографот кој беше воедно и костимограф Ана Катерина Штробл и светлото и дизајнот на Волфганг фон Цубек, тогаш во вокалниот дел со исклучок на двајцата гости од Бугарија, тенорот Стефан Илчев и баритонот од Романија Јонуц Паску, Македонската  музичка јавност можеше да се гордее со извонредните гласовни квалитети на нашите оперски уметници Ана и Игор Дурловски, брачен оперски пар кој навистина е на врвот на она што го нарекуваме европска оперска култура и уметност, на Александра Лазаровска, на Ана Ројдева, Сандра Митровска и Марика Поповиќ, на Катерина Стојановска, на Владимир Саздовски и на другите останати солисти учесници, потоа на нашите ансамбли хорот и оркестарот на Операта и секако  на диригентската палка на нашиот  млад  диригент Борјан Цанев. Македонската „Волшебна флејта“ како втора  премиера на  нашата сцена со зрелото оперско мајсторство на великиот Моцарт, со божествената инспирација што ја нудат музиката и либретото на Емануел Шиканедер, со широката лепеза на ликовите, како што се свештеникот Зарастро, Кралицата на ноќта, веселата и храбра девојка Памина, херојот Тамино, продавачот на птици Папагено, трите дами, ангели чувари на кралицата, со богатото присуство на шумските животинчиња, што ги глумат деца, но најмногу по волшебството на флејтата, што ја создава магијата на дејствието на операта, во аналите на историјата на Македонската опера и балет, ќе остане како ретко вреден проект кој ја оствари максималната цел, а тоа е огромен одзив и интерес во севкупната културна јавност кај нас. Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика, ја доживеавме музиката низ брилијантната изведба најпрвин на Ана Дурловски, која  и овој пат потврди дека е високо култивиран оперски уметник, типичен моцартов глас кој претставата ја носеше низ сигурен музичко сценски развој. Уживавме и во осмислените изведби со вокална и сценска сугестивност на Јонуц Паску, на Игор Дурловски, како и на трите дами-Ројдева, Митровска и Поповиќ, кои беа извонредно синхорнизирани од секој аспект, но и многу сигурни во своите улоги, како и на Владимир Саздовски кој беше на висина на својата вокално сценска задача. Задоволство за гледање и слушање  беа сигурниот настап и работната дисциплина на нашите оперски аснасмбли-хорот и оркестарот, кои  искажаа целосна зрелост за прецизниот, дури, компјутерски творечки ракопис на големиот Моцарт, водени низ диригентското темпо на нашиот мошне аналитичен  диригент Борјан Цанев. Овие впечатоци од премиерната изведба на „Волшебната флејта“  можеше да бидат   уште посилни, ако Моцартовата музика се движеше во едно поизедначено и подинамично, би го нарекле типично Моцартово темпо, во кое  ќе се почувствуваше неговиот темперамент, дух и творечка  сила. Што се однесува пак до сценските ефекти од партиципацијата на гостите од Виена, Македонската опера ја искажа својата подготвеност да ги збогатува своите искуства од оваа сфера на оперската уметност, покажувајки се исторвремено и како гостоприлмив домаќин. За волја на вистината, сценските можности и услови на Македонската оперска куќа најсуптилно ги познаваат домашните работници, па така имавме впечаток дека и режијата на Цабрса и сценографијата на  Штробл, за нашите постоечки услови одеа во поамбициозни насоки, додека костимографијата, особено светлото и сценскиот дизајн на Штробл и фон Цубек беа виситнско пријатно изненадување, со големи и успешни кретивни решенија и ефекти. Големиот Моцарт и неговата голема опера „Волшебната флејта“ ни понудија  допир со она што денес реално се нарекува светска музичка култура, но и ни оставија изибилство од идеи и размислувања околу нејзината порака, за која научниците не залудно велат дека е златен рудник за анализи и прочистување.

Утрински весник, 23.02.2006