ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе

Одлична сценска визуализација, светло, костими и режија, беа главните атрибути на премиерната изведба на операта „Волшебната флејта“ на сцената на македонската Опера и Балет. Бесмртното музичко писмо во последното музичко-сценско дело на генијалниот Моцарт на домашната сцена прозвучи по пауза од пет и пол децении. Повод беа 250 години од раѓањето на големиот австриски композитор.

„Волшебната флејта“ е музичка бајка во која експлицитно се сугерира вечната борба на доброто и злото, светлината и темнината, љубовта и смртта. Визуализацијата на ремек-делото на Моцарт на сцената на МОБ беше дословно пресликување на бајковидната сонлива атмосфера, која доминира како амбиент во ова дело. И е единствен беспрекорно реализиран сегмент од македонската премиера на „Волшебната флејта“.

Музички, изведбата на последната опера на Моцарт на нашата сцена беше премногу бледа, непостојана, развлечена... Креатор на нестабилната музичка слика беше оркестарот, кој звучеше премногу анемично и несигурно. Младата солистичка екипа, за разлика од музичарите во школката, верно и автентично ја раскажуваше музичко-сценската бајка на Моцарт. Игор и Ана Дурловски, Јонуц Паску и Александра Лазаровска ја воодушевија публиката со своите вокални интерпретации. Ана Дурловски брилјира како Кралицата на ноќта.
Публиката задоволно си замина од премиерата и со бурни аплаузи ги поздрави главните протагонисти. Како да не сакаше да си признае дека нешто, сепак, недостигаше... Сите очекувавме многу повеќе!

Време, 20.02.2006