ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување

На македонската оперска сцена и досега се правеле обиди да се постават дела со современ оперски и сценски израз. Се одбирале дела од класичната литература и се осовременувале со костимите и сценографијата, или пак модерни дела на современи автори. Како што тоа е направено и овој пат со премиерната изведба на операта „Посетата од старата дама“ на австрискиот композитор од 20 - от век Готфрид фон Ајнем. Премиерната изведба што се случи во вторникот на сцената на Македонската опера и балет го означи крајот на Есенските музички свечености, и заедно со концертот на Симон Трпчески со кој беа отворени, се двата најголеми и највпечатливи културни настани на оваа манифестација.
Македонската оперска публика отсекогаш ги преферирала делата од класичната литература, најмногу италијанските опери, но овој пат имаше можност да се сретне со еден поинаков оперски израз, со дело создадено во седумдесетите години на дваесетиот век, работено по истоимената драма на швајцарскиот писател Фридрих Диренмат. Композиторот Ајнем (1918 - 1996) е автор за кого музичката историја истакнува дека ги надминува националните граници и според музичкиот израз и според естетската универзалнос на неговите дела. Дејството на операта се случува во мало и сиромашно гратче во кое се враќа неговата поранешна жителка, сегашна милјардерка. Нејзиното враќање се очекува како спас за градот, но таа својата донација ја условува со убиството на некогашниот љубовник, сега признат трговец. Барајќи ја правдата за изгубената љубов, оставеното дете, понижувањата во животот, на оваа стара дама со осакатени чувства, на крајот и се принесува жртвата - животот на трговецот, причината за нејзините животни страдања.
Во оваа изведба на „Посетата на старата дама“ се најдоа речиси сите изведувачи. Очигледниот труд вложен во изведбата со која раководеше диригентот Јосип Шего од Хрватска, и режисерката Надја Кајали од Австрија, резултираше на крај и со задоволни изведувачи и со задоволна публика. Се разбира највпечатливите остварувања ги имаа Анастасија Каптелова како милјардерката Клара Цаханасаин, Томислав Бекиќ од Хрватска како Ил, Цветан Стојановски како градоначалникот. Оваа претстава е забележлива и по една друга убава работа. Големиот број на помали солистички улоги кои им беа доверени на млади македонски оперски уметници чии настап потврдува дека Македонската опера има иднина.
Времето сегашно на сцената е претставено со минималистичката сценографија на Зоран Николовски и со костимите на Марија Пупучевска.Овие два елемента на претставата на моменти и даваа впечатливост и ефективност. „Посетата од старата дама“ е копродукција на македонската опера и балет со Австриската амбасада. нејзиното поставување на сцената освен што овозможи едно поинакво од вообичаените оперски доживувања, според ангажманот и подготвеноста на ансамблот веројатно и за нив е едно големо и добредојдено искуство.

Нова Македонија, 02.12.2004