ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска

(Грандиозно, во чист, минималистички манир „Волшебната флејта“ на Моцарт, по цели 54 години, повторно оживеа на македонската сцена)

За неговите современици во 18 век Моцарт бил брилијантен виртуоз. Во 19 век тој бил сметан за композитор на прекрасни минијатури. Веќе во наредниот век, на него се гледа како на есенција на самата музика. А во 21 век, и понатаму, прашањето кое останува е: каков е Моцарт на нашето време?
Судејќи според последното остварување на Македонската опера и балет, сценскиот спектакл „Волшебната флејта“ - со кој Македонија се вклучи во светската прослава на одбележување на 250 годишнината од раѓањето на „чудото од дете“ - Моцарт е грандиозен, со чист, минималистички призвук.
Моцартовата приказна за триумфот на љубовниците Тамино и Памина наспроти злобната Кралица на ноќта, низ која се испреплетени безброј фантастични случки е огромен предизвик на полето на сценската инвенција која треба да создаде вистинска магија на сцената. Овој елемент, во рацете на австриската режисерка Ангела Цабрса, беше фокусиран врз светлината. Сепак, доминантниот впечаток е дека светлосните сценски ефекти кои требаа да ја обојат атмосферата со особен, волшенен сјај, дадоа само благо насетување на чудесниот свет создаден од Моцарт и инвентивниот Емануел Шиканедер, ко-авторот на либрето.
На полето на вокалната интерпретација, очекувано, атмосферата ја растрепери Ана Дурловска, во улогата на Кралицата на ноќта, на чиј раскошен талент публиката инстантно реагираше, наградувајќи ја секоја нејзина изведба со бурен аплауз. Стандардно добар беше и Игор Дурловски во улогата на Зарастро, како и Романецот Јонуц Паску како Папагено, додека Бугаринот Стефан Илчев како Тамино и Александра Лазаровска како Памина, само просечно го задоволија очекувањата на познавачите на оперската уметност.
Минималистичкиот ефект присутен на сцената доминираше и вон неа. Иако станува збор за дело од доменот на големите сценски спектакли, кои се ретко задоволство на нашата сцена, и покрај интересот кој „Волшебната флејта“ го предизвика во јавноста, атмосферата на отворањето оддишуваше со една ненаметливост и непретенциозност во однос на помпата. Но тоа не значи дека недостасуваше свечениот тон или пак дека ова случување го одминаа вообичаените протоколарни елементи. На премиерата, во петокот навечер, во Салонот на Македонската опера и балет, можеа да се сретнат некои од највисоките претставници на политичкиот естаблишмент на земјава, како претседателот на Собранието, Љупчо Јордановски или министерот за финансии, Никола Поповски. Присутни беа и претставници на опозицијата, меѓу кои и неформалниот лидер на ВМРО Народна партија, Љупчо Георгиевски со сопругата... Секако, неминовно беше и присуството на делегацијата од Австриската амбасада, како и на претставниците од Дојче банк, која ја финансира фондацијата Музички театар за Централна и Источна Европа, главниот спонзор на овој оперски спектакл. Покрај претставниците од Австрија, родната земја на Моцарт, на премиерата на „Волшебната флејта“ присуствуваа уште 14 амбасадори од светот. Интересно е да се напомене дека целиот настан го следеше и екипа на австриската национала телевизјиа ОРЊ која вршеше директен телевизиски пренос од овој настан.  
„Волшебната флејта“ е амбициозен проект со голем материјален и уметнички влог. Операта чини над 100.000 евра од кои најголемиот дел, 60 отсто ги обезбеди главниот спонзор, австрисктата фондација Музички театар за Централна и Источна Европа, македонското Мистерство за култура учествува со 30 отсто, а копродуцентот, Бугарија, преку Софиската национална опера обезбеди 10 отсто од сумата.
И не само материјално, „Волшебната флејта“ е обемен и комплексен оперски спектакл кој изискува максимум од целиот креативен тим. Со оглед на тежината на нејзината поставка, таа не се поставува премногу често на оперската сцена. Требаше да поминат цели 54 години таа одново да заживее во македонскиот културен простор. Затоа, всушност и самиот чин на поставување на „Волшебната флејта“ е битен културен настан. А како што тече светската прослава во чест на раѓањето на големиот Моцарт, со апсолутна сигурност можат да се кажат две работи: Моцарт никогаш нема да престане да постои како силен симбол на музичка ингениозност зацртан во светскиот културен генетски код, како и тоа дека светот никогаш нема да престане одново да ја открива свежината на неговите волшебни дела.

Утрински весник, 20.02.2006