ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт

Даниела Стојановиќ
Премиерата на „Волшебната флејта“ во Македонската опера и балет со која во петокот вечер се одбележа 250 годишнината од раѓањето на музичкиот гениј Моцарт, некои веќе го прогласија за настан на годината. Беше тоа навистна магична ноќ во која се славеше животот, порака што извира од делото кое уште пред два века го нарекоа „Химна на човештвото“.
Инсценацијата на претставата е во трендот со модерниот европски театар, во кој со минималистичка сценографија, магијијата на сцената се долови со светлото и со сенките, а доминираа симболите на масонството на кое му припаѓал и Моцарт. На сцената ова грандиозно дело го пренесе извонреден авторски тим од Австрија: Ангела Цабрса (режисер), Ана Катерина Штробл (сценограф и костимограф) и маестралниот креатор на светло-дизајн Вофганг фон Цубек. Инспирирани од неповторливата музика и авторска екипа, Оркестарот на МОБ, хорот и сите солистите, главно од најмладата генерација, без врвни. Диригент беше Борјан Цанев кому му припаѓа голем дела од таа заслуга. Од оперските креации брилјираа: Ана Дурловски, Игор Дурловски, Романецот Јонуц Паску, Александра Лазаревска, Катарина Стојановска и триото дами: Ана Ројдева, Сандра Митровска и Марика Поповиќ. Нешто поблед впечаток остави бугарскиот тенор Стефан Илчев.
Премиерата на „Волшебната флејта“ беше гламурозен настан што во салонот на МОБ го донесе речиси целиот допломатски кор, јавни личности, гости од странство: директорот на Дојче банк која стои зад спонзорството на претставата, директорот на националната австриска телевзија ОРФ која во Австрија и Германија го пренесуваше настанот, директорот на Музичкиот театар за Централна и Источна Европа како главен спиритус мовенс на овој копродукциски проект. Театарот вриеше од бројни новинарски екипи од Германија, Австрија, Бугарија и од Македонија.
„Вечерва Моцарт, го фрли својот поглед и врз Скопје, па така и вашиот град се вклучи во светското семејство кое годинава го слави неговиот јубилеј“ рече еден од австриските гости на коктелот по претставата, со што се заокружи оваа единствена вечер.

Вест, 20.02.2006