ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап

Одлична вокална изведба, добра изведба на оркестарот, режија што успеа на вистинскиот начин да го прикаже дејството на комичната опера и, секако, маестрална интерпретација на улогите на солистите на која и професионални актери би можеле да им позавидат, се само дел од она што можевме да го видиме на премиерната изведба на операта „Рита“, на МОБ.

Во рамките на традиционалната манифестација Есенски музички свечености, покрај повеќето музички рецитали и концерти, беше изведена и операта „Рита“ од Гаетано Доницети. Станува збор за камерна комична опера во еден чин, која првпат се изведува во Македонија. Тоа е дело што овозможува мошне голема слобода во уметничкиот израз, драмско-сценската концепција, изведувачкиот аспект и отсликување на програмско-музичкиот тек. Иако се работи за камерно дело во кое бројот на изведувачите е мал, тоа воопшто не ја намалува неговата вредност, напротив, токму поради таквиот специфичен карактер беше возможен и извонреден контакт меѓу солистите и публиката. Малата сцена на МОБ претставуваше идеално место за изведба на операта. Секако дека ова е дело што ќе побуди интерес кај публиката, која е секогаш расположена за нешто ново и поразлично.

Во улогата на Рита настапи Александра Лазаровска, (Десанка Поп Георгиевска во репризата), Бепе - Дејан Тошев, (Дејан Стоев) и во улогата на Гаспаро настапи Невен Силјановски, (Марјан Јовановски). Со диригентската палка раководеше маестро Томислав Шопов, додека режијата беше на Трајко Јордановски.

Иако изведбата дојде во време кога во МОБ се уште не се расчистени односите поради протестот на оркестрантите, тоа воопшто не се одрази на квалитетот и извонредната прва изведба на ова дело. Со релативно нова солистичка екипа составена од повеќе млади и се уште недоволно афирмирани вокалисти, се течеше како да се работи за добро уиграна претстава што се изведува барем десетина години. Одличната интерпретација на солистите и сигурната актерска изведба претставуваа носечки столб, односно беа главен предуслов за успешна изведба на мошне впечатливата и скокотлива содржина на делото. Освен тоа, претставата ја красеше уште една одлика, која беше одлично прифатена од публиката, а тоа беше одличната адаптација на делото што со својата компактност како музичко-драмска целина беше во непрекинат тек, не поради фактот дека станува збор за опера во еден чин, туку поради одличната дозираност во експонирањето како на солистите така и на оркестарот.

Оваа година манифестацијата Есенски музички свечености почна без голема помпа, но со релативно квалитетна програма што на љубителите на сериозната музика ќе им овозможи уживање во различни музички стилови и жанрови.

Дневник, 22.11.2005