ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи

Даниела Стојановиќ
Лесно и забавно. Накратко тоа е најновата оперета во продукција на Македонската опера и балет „Рита“ од Гаетано Доницети. Камерната претстава на Доницети мошне ретко се изведува на оперските сцени. Кај нас ја поставија на Малата сцена на МОБ и само со гудачите и дувачите на Оркестарот, а ги водеше маестро Томислав Шопов. Изборот на овој клаустрофобичен простор и не е баш некое среќно решение, како за изведувачите така и за публиката, која се туткаше во малиот простор, а еден добар дел и не успеа да влезе завчера на премиерата.
Приказната на „Рита“ младиот режисер, постдипломец на Академијата во Софија по оперска режија, Трајко Јордановски, ја осовременува, а комичниот заплет уште повеќе го потенцира со карикирање во скеч-варијанта. За да биде до крај во тренд, хотелот во кој се одигрува сето дејство го креваат во воздух терористи.
Во оперетата учествува млада и полетна оперска екипа, која, згора на се, и добро глумеше. Ликовите ги толкуваа: Ана Лазаревска, Дејан Тошев, Невен Силјановски и Андреј Наумов. Ги облече костимографката Марија Ветероска, која ја потпишува и мошне умешната сценографија.

Вест, 21.11.2005