ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата

Два месеца по нејзината премиера на сцената на Македонската опера,  претставата „Мадам Батерфлај“ од Пучини завчера беше изведена на „Мајските оперски вечери“.  Повеќе од две децении оваа опера не беше поставена на сцената на Македонската опера и балет. И, еве сега, за малку повеќе од два месеца, имавме можност да ја чуеме двапати. Со речиси иста солистичка екипа - Весна Гиновска-Илкова како Чо Чо Сан, гостинот од Романија Јонуц Паску како Шарплес и Дејан Стоев и Невен Силјановски што ги играа ликовите на Горо и на Бонзо.
Бидејќи екипата беше речиси непроменета, можеби ќе беше бесмислено да се пишува повторно за ова ремек-дело на Пучини доколку во изведбата не гостуваше италијанскиот тенор Марчело Бедони. Далеку од тоа дека изведбата на Калуди Калудов во улогата на Пинкертон минатиот пат беше лоша, бидејќи неговите пејачки квалитети се неоспорни. Сепак, се чини дека физиономијата на солистите, доколку не кореспондира со основните карактеристи на ликот, дадени однапред во либретото, може да го намали впечатокот или доживувањето. Зашто операта е музичко-сценско дело што, освен музички, се доживува и визуелно. А, визурата не е воопшто неважна, иако музичката партитура и вокалите на солистите го имаат главниот збор. Многу често, кога физичкиот изглед на солистот не кореспондира со ликот што го толкува, оперското дејство добива пародичен тек. Поради тоа, многу луѓе не сакаат да „гледаат“ опера, повеќе уживајќи да ја слушаат во домашен амбиент.
Овој пат немаше да згрешат ако дојдат да ја погледаат „Мадам Батерфлај“. Тенорот Марчело Бедони, кој учел кај славниот Павароти, и кој добива одлични критики токму за својата музичка креација на Пинкеретон, во понеделникот, на сцената на МНТ ја комплетираше сликата во „Мадам Батерфлај“. Вистинско уживање беше да се гледаат и да се слушаат дуетите со Гиновска-Илкова, неговата Чо Чо Сан, проткаени со многу природни емоции и движења на сцена - и со убедлива љубов, интензивирана со беспрекорната вокална интерпретација и со спонтаниот флуид, кој струеше на сцена. Конечно, Пинкертон што личи на вистински заводник.
Весна Гиновска-Илкова беше неповторлива во својата изведба. Нејзината интерпретација беше уште поемотивна, ако воопшто може да се каже така, од премиерата пред два месеци. Беше одлична во секој момент од музичкиот тек. А, публиката, која очигледно неизмерно ја сака и ја почитува,  со френетичен аплауз ја поздрави нејзината изведба на крајот од претставата. Со овации и со извици на воодушевување какви што досега на својата матична сцена не доживеал ниту еден македонски солист. Публиката, се чини, конечно, почна да ги препознава и да ги цени вокалните атрибути и на нашите солисти. И не само тоа, туку и да развива заслужен култ кон своите миленици.
Во оркестарскиот дел, и овој пат, имаше мали недостатоци, кои пред се се однесуваа на динамиката и на јачината на звукот. Често, оркестарот со интензивниот волумен ги преклопуваше солистите, посебно вокалот на Бедони...
Во целина, изведбата на „Мадам Батерфлај“ беше повеќе од просечна. И подобра од минатиот пат.

Време, 18.05.2005