ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет

МАЈСКИ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ: „ЛИДИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“

Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Емотивни сцени, библиска содржина, фантастична вокална изведба и крупни масовни сцени во кои, покрај пеењето, големо внимание беше посветено и на глумата
Делата на композиторот Ристо Аврамовски отсекогаш биле препознатливи според својот стил и жанровската определеност. Честопати, условно речено модерниот звук во неговата музика бил постигнуван и со употреба на современи музички елементи, дисонантни созвучја и ред други работи што му стојат на располагање на еден композитор што целиот свој живот го посветил на музиката. Преку музичките изразни средства, оперското дело „Лидија од Македонија“ успешно ја претставува библиската тема за првата жена во Европа покрстена од апостол Павле.

Беа користени многу музичко-сценски ефекти со кои драматургијата на делото дојде до полн израз. Дека се работи за дело што е навистина значајно за македонската музичка сцена говори и фактот што, по повеќе години, повторно на сцената имаме премиера на една домашна опера што се изведува на македонски јазик. Дали делото ќе биде добро прифатено од публиката можеби и не е толку битно бидејќи, сепак, доволен подвиг претставува поставувањето на едно вакво комплексно дело. Всушност, кога станува збор за праизведба никогаш со сигурност не може да се тврди како и кога делото ќе биде актуелно. Доволен показател за релативноста, односно популарноста на едно музичко уметничко дело е и случајот со легендарната опера „Кармен“ од Жорж Бизе, која дури по повеќе години од смртта на авторот го добила своето заслужено место во светската музичка историја. Бизе никогаш не дознал за големината на своето дело.

Во операта „Лидија од Македонија“ диригентската палка му беше препуштена на маестро Јануш Пшибилски од Полска. Како солисти настапија Весна Гиновска-Илкова (Лидија), Игор Дурловски (Павле), Марјан Николовски (Тимотеј), Томислав Бекиќ (Силас) и други. Режисер на претставата беше Пламен Карталов од Бугарија.

Музичкиот дел и либретото на операта по многу работи се специфични и, во извесен поглед, единствени. Емотивни сцени, библиска содржина, фантастична вокална изведба и крупни масовни сцени во кои, покрај пеењето, големо внимание беше посветено и на глумата. Поради амбиентот и фактот дека операта е поделена само на два дела, се почувствува филмско доживување. Во неа можеа да се насетат влијанија од повеќе класични и современи автори, но личниот печат на композиторот Аврамовски е повеќе од очигледен. Можеби квартно-квинтните созвучја, кои често може да ги сретнеме во делата на Аврамовски, и нагласената ритмика беа употребувани помалку од вообичаеното, но овој пат композиторот повеќе се сосредоточил врз вокалните делници на солистите. Особено впечатливи беа масовните хорски сцени и моментите кога мелодиите на солистите се „испреплетуваа“ меѓу себе. Можеби во ова дело нема да сретнете мелодии како кај класичните опери, кои од прва ќе се врежат во главата на слушателот, но сигурно дека сцените, како таа кога Лидија бидува покрстена од апостол Павле или, пак, кога таа успеа да го воскресне загинатото дете, ќе бидат запаметени како навистина моќни и спектакуларни, според нотниот текст и според начинот на изведбата.

Дневник, 16.05.2005